You are here

Медиуми

Реформа на Законот за матичен број на граѓанинот во РМ

На 15.11.2016 година во ЕУ инфо центарот во Скопје се одржа јавна презентација на препораките за реформи од проектот „Граѓаните во собрание“.

Слободен софтвер Македонија ја презентираше предлог-реформата за единствен матичен број на граѓанитот, која што предлага менување на законот со цел зголемување на приватноста на граѓаните и подобра заштита на нивните лични податоци.

prezentacija

Барање за поведување постапка за автентично толкување на дел од ЗГОНК

Во своите континуирани активности за разјаснување на нејасните делови од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, на 5.12.2012 г. Слободен софтвер Македонија се обрати до пратеникот Ивон Величковски со барање за поведување постапка за автентично толкување на делот од Законот во кој широко го опфаќа објавувањето:

„други форми на уреднички oбликувани програмски содржини кои се објавуваат, односно емитуваат дневно или периодично во пишана форма, звук или слика, на начин достапен за широката јавност.“

Документот е во прилог на оваа вест.

Слободен софтвер Македонија се обрати за Член 11 од ЗГОНК и до Претседателот на РМ

Во вркса со спорниот став од член 11 од Законот на граѓанска одговорност за навреда и клевета Слободен софтвер Македонија испрати и писмо до Претседателот на Републиката.

Текстот е приложен кон оваа вест во PDF.

Страници

Subscribe to RSS - Медиуми