Слободен софтвер Македонија е непрофитна организација која се занимава со слободен софтвер и слободна култура во Р. Македонија. Слободен софтвер Македонија е посветена на промовирање на слободен софтвер и создавање на свест како за економскиот така и за социо-етичкиот контекст на слободниот софтвер, особено за земјите во развој, како што е и Република Македонија.

Слободен софтвер Македонија исто така неуморно работи на промовирање на слободна култура во услови кога општествениот и технолошкиот напредок овозможува сѐ поголем дел од човештвото да пристапува, создава, променува, објавува и дистрибуира различни видови на дела во дигитална форма.

повеќе...

Valid XHTML 1.0 StrictPowered by Drupal logo Лаптоп за секое дете! Донирајте книга на 2С.мк! Следете не на Twitter!