You are here

Реформа на Законот за матичен број на граѓанинот во РМ

На 15.11.2016 година во ЕУ инфо центарот во Скопје се одржа јавна презентација на препораките за реформи од проектот „Граѓаните во собрание“.

Слободен софтвер Македонија ја презентираше предлог-реформата за единствен матичен број на граѓанитот, која што предлага менување на законот со цел зголемување на приватноста на граѓаните и подобра заштита на нивните лични податоци.

prezentacija

Фотографија преземена од фејсбук страницата на „Граѓаните во собрание“

Матичниот број во формата во која се употребува во Република Македонија содржи лични податоци за граѓаните. Дирекцијата за заштита на личните податоци до сега идентификувала повеќе случаи на злоупотреба на матичниот број како што е неговото објавување во огласите во извршните постапки и евидентирањето во пријавниците во компаниите. Последен случај кој што го привлече вниманието на јавноста беше објавувањето на избирачкиот список од страна на Државната изборна комисија на начин на кој секој можеше да му пристапува и копира податоци од него. Бидејќи матичниот број лесно се пресметува, неограничениот пристап на веб страницата на ДИК остави најмногу простор за злоупотреби.

Оваа предлог реформа ја образложува потребата од поголема заштита на личните податоци на граѓаните преку промена на Законот за матичен број по примерот на Република Хрватска. Споредбата со законското решение на Република Хрватска не е случајна, Хрватска до пред 7 години го имаше истиот модел на матичен број како и Република Македонија, модел кој се употребувал во поранешна Југославија. Сепак, на патот кон евро-интеграциите Хрватска направи промена на Законот за матичен број и донесе нов Закон за личен идентификациски број кој не содржи лични податоци за граѓаните туку е составен од 11 цифри по случаен избор.

Истражувањето укажува дека моделот на идентификациски број што се користи во Република Хрватска овозможува поефикасна заштита на личните податоци и истовремено е во согласност со законодавството на Европската Унија. Препораката на оваа предлог реформа е Република Македонија да донесе нов Закон за матичен број и тој број да го пресметува по случаен избор како што е случајот со хрватскиот модел.

За предлог-реформата извести и Академик: http://www.akademik.mk/potrebna-e-reforma-na-zakonot-za-matichen-broj-po...