You are here

Презентации

Реформа на Законот за матичен број на граѓанинот во РМ

На 15.11.2016 година во ЕУ инфо центарот во Скопје се одржа јавна презентација на препораките за реформи од проектот „Граѓаните во собрание“.

Слободен софтвер Македонија ја презентираше предлог-реформата за единствен матичен број на граѓанитот, која што предлага менување на законот со цел зголемување на приватноста на граѓаните и подобра заштита на нивните лични податоци.

prezentacija

Предавања за Слободен софтвер на ФИНКИ

Почнувајќи од вторник 13-ти Ноември од 18 до 20 часот, на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), Слободен софтвер Македонија ќе одржи серија предавања на тема слободен софтвер и слободна култура.

Првото предавање е на тема „Слободен софтвер технички и социо економски аспекти на слободен софтвер”. Предавачи ќе бидат Новица Наков и Дамјан Георгиевски. Присутни ќе бидат и останатите членови на Слободен Софтвер Македонија, со цел да се претстави работата на Хаклабот КИКА. Ова прво предавање претставува одлична можност да чуеме што всушност сакаат студентите да слушнат и научат, а со тоа и да ни помогнат да ги структурираме натамошните предавања.

Учество на конференцијата Слобода и приватност на интернет во Скопје

Страници

Subscribe to RSS - Презентации