You are here

Организација

Собрание на Слободен софтвер Македонија 13.12.2017 во 19:00 часот, Хаклаб КИКА

На 13.12.2017 година во 19:00 часот, ќе се одржи вонредно годишно собрание на "Слободен софтвер Македонија", со следниот дневен ред:

1. Избор на нови членови;
2. Избор на нови членови на извршниот одбор на организацијата:
3. Разно

Со почит,
Јованка Гулицоска

Записник од годишното собрание на Слободен софтвер Македонија за 2017 година

Согласно одредбите на Статутот на Слободен софтвер Македонија, годишното собрание на здружението се одржа на 28.03.2017 (вторник) во хаклабот КИКА со почеток во 18.15 часот.

Годишното собрание го отвори претседателката на здружението, во функција на претседавачка на собранието, Јованка Гулицоска, со констатација дека на собранието присуствуваат, претседателката Јованка Гулицоска, потпретседателот Дамјан Георгиевски и членовите на здружението Ана Ристеска и Гоце Митевски. Отсутни на собранието беа членовите Александар Лазаров и Божидар Проевски.

Собрание на Слободен софтвер Македонија 05.07.2013 во 18:30 часот, Хаклаб КИКА

Почитувани колеги

Закажувам Собрание на „Слободен софтвер Македонија“ на 5.јули.2013 година во 18:30 часот со дневен ред:

1. Избор на нови членови на извршниот одбор на организацијата: претседател, потпретседател и секретар.

Доколку има предлози за дополнување на дневниот ред, ве молам испратете ми писмено барање (преку е-пошта).

Со почит
Миша Поповиќ / Misha Popovikj
http://slobodensoftver.org.mk

Страници

Subscribe to RSS - Организација