You are here

Општо

30 години од почнувањето на проектот GNU

Вести: 

На 27 септември 1983 година Ричард Столман го најавува проектот GNU со порака на тогашните социјални мрежи - популарните usenet групи:

„Почнувајќи од Денот на благодарноста ќе почнам да пишувам слободен оперативен систем....“

Фондацијата за слободен софтвер во текот на септемви и октомрви 2013 го одбележува овој ден со активности поврзани и со слободен софтвер, како и хакатон кој изминатиот викенд се оджра на MIT во Кембриџ.

Податоци за употребата на слободен софтвер во приватниот и јавниот сектор во Р. Македонија

Според информациите собрани од страна на Државниот завод за статистика на Р. Македонија во 2010 и 2011 година употребата на слободен софтвер бележи раст во приватниот сектор (мали, средни, големи претпријатија) и јавниот сектор (министерства, агенции, јавни претпријатија и локална самоуправа).

Реакција по повод дополнетиот Предлог-закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Денес, Слободен софтвер Македонија повторно им испрати писма на пратениците во Собранието на Република Македонија. Повод за ова беа последните измени во предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Иако дел од измените се во насока на нашето претходно барање, сметавме дека е потребно да им се обратиме на пратениците за уште некои, за нас отворени прашања во член 11.

Целиот текст од писмото:

Предмет: Дополнет предлог-закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Страници

Subscribe to RSS - Општо