You are here

Податоци за употребата на слободен софтвер во приватниот и јавниот сектор во Р. Македонија

Според информациите собрани од страна на Државниот завод за статистика на Р. Македонија во 2010 и 2011 година употребата на слободен софтвер бележи раст во приватниот сектор (мали, средни, големи претпријатија) и јавниот сектор (министерства, агенции, јавни претпријатија и локална самоуправа).

Во 2010 година употребата на „бесплатен (open source) оперативен систем пр. Linux“ во приватниот сектор е 11%, при што постои значителна разлика помеѓу употребата на вакви системи во малите компании (до 50 вработени) каде употребата е 8,7% и големи (над 250 вработени) каде употребата е 28%. По класа на типот на дејсноста според Националната класификација на дејности предничат компаниите што се бават со „Финансиско посредување“ (класи 65, 66, 67) и „Деловни активности“ (класи 70-74). Во овој извештај не постојат посебни податоци за ИКТ секторот.

Во 2011 истражувањето на Државниот завот е подетално. Покрај употребата на „Оперативен систем пр. Linux“ каде според податоците е забележан раст од 10 процентни поени (просекот е 22,2% за целиот приватен сектор – а сите групи според големината на субјектите имаат отприлика ист процент на употреба од 21-23), во истражувањето има податоци и за употребата на друг слободен софтвер. Така, „Софтвер за интернет пребарувач, пр. Mozilla, Firefox“ користат 63,3% од компаниите (57,1% малите, 66,1 средните и 78.6 големите компании), а „Офис софтвер пр. OpenOffice“ користат 34,6% од компаниите (34,2%, 31,6%, 50,6% соодветно). Според дејностите употребата на „Open Source оперативен систем пр. Linux“ е најголема во одделот „Информации и комуникации“ каде 65,3% од субјектите користат ваков оперативен систем, потоа следат „Финансиските дејности“ со 51,6% и „ИКТ сектротот“ со 58,1. Најмалку субјекти што користат ваков систем има во „Градежништво“ - 18,8%.

Во истражувањето од 2012 година за деловните субјекти во Р. Македонија не се прибирани податоци за употребата на слободен софтвер.

Според истражувањето од 2009 во јавниот сектор Besplaten ("open source") operativen sistem (na pr., Linux) користеле 16.9% од субјектите. Поделени по групи 33,3% од министерствата го користеле овој оперативен систем, додека кај останатите субјекти употребата е помеѓу 13 и 16 проценти.

Во 2011 има пораст од 8 процентни поени. Употребата на Operativen sistem, pr., Linux 25.0
е 25% при што има незначителна разлика помеѓу централната и локалната власт. Незначителна разлика помеѓу локалната и централната власт постои и во процентот на употреба на „Софтвер за интернет пребарувач,. пр, Mozilla, Firefox, Chromium“ каде употребата е на високи 91,5 од сите субјектите во овој сектор. Употребата на „Ofis softver, pr., OpenOffice“ е исто така висока – 63,6% од сите субјекти користат ваков тип на софтвер.

За подетални информации видете ги официјалните соопштенија на Државниот завод за статистика на следниве URL-а:
http://www.stat.gov.mk/PrethodniSoopstenijaOblast.aspx?id=97&rbrObl=27
http://www.stat.gov.mk/PrethodniSoopstenijaOblast.aspx?id=76&rbrObl=27