You are here

Општо

Нов форум за слободен софтвер

Неодамна тивко и нечујно почна да работи новиот форум за јавни дискусии на Слободен софтвер Македонија. Форумот ќе се користи за муабет и решавање на проблеми со кои се секојдневно се сретнуваат корисниците на слободен софтвер во Македонија. Значи доколку нешто ви шкрипи во компјутерот, слободно дојдете и прашајте на http://www.slobodensoftver.org.mk/forum/ (забелешка: овој форум веќе не постои).

Се надеваме дека новиот форум ќе стане постојана станица за сите корисници на слободен софтвер во Македонија.

Неформален редовен состанок на членовите

Сите кои незнаат, а тие што знаат да ги потсетиме дека денеска е недела. И како и секоја недела во 17:00 часот, Организацијата се труди да одржува редовни неформални состаноци. „Состаноците“ ги одржуваме во Пингвин Паб (спроти новата Рекорд автобуска во центарот на Скопје).

Тогаш е најдобар начин да се запознаеме сите и евентуално да пополните пристапница. :-)

Оваа недела главен настан ќе биде делењето на маици со пингвинче. За жал нема да има маици веднаш за кој сака туку само за пријавените од пред недела дена. Ако некој друг сака маица нека се пријави на info_НА_slobodensoftver.org.mk за да му се направи до идната недела или да ја следи повнимателно поштенската листа и таму да види кај да се пријави.

И да, доколку некој сака цедиња со линукс да му се снимат нека провери http://www.mksoftver.org (забелешка: ова страница веќе не постои) или http://linux.net.mk кои дистрибуции ги има и нека пише мејл да се договори со некој да му донесе.

Новиот сајт на Слободен софтвер Македонија почна со работа

Оваа вест најверојатно ќе ја видат само дел од членовите на ОССМ и неколку интернет пајаци.
Сајтот почна со работа, сеуште не е пополнето ништо од содржина, а и според првичните реакции сликите не биле убави?

Страници

Subscribe to RSS - Општо