You are here

Организација

Реакција по повод Предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Денес 2с.мк достави писма до 123-те пратеници на Собранието на Република Македонија како реакција по повод предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Во тоа писмо организацијата им порача на народните претставници дека законскиот предлог, особено член 11 од предлогот може да има далекусежни негативни последици по слободата на говор на Интернет.

Истовремено, писмото беше и директно упатено и до Законодавно-правната комисија при Собранието како тело одговорно за разгледување на овој закон.

Поднесок од Слободен софтвер Македонија за проект на УСАИД за граѓанско општество

Во прилог на оваа објава се наоѓа документацијата која Слободен софтвер Македонија ја поднесе за проектот на УСАИД за граѓанско општество, како и дописот од ФООМ со кој бевме известени за статусот на оваа апликација.

Ги објавуваме на интернет во согласност со досегашната пракса за споделување на информации со заедницата и пошироката јавност.

Годишен извештај за работата на организацијата во 2011

Во прилог се наоѓа годишниот извештај.

Страници

Subscribe to RSS - Организација