You are here

Документи

Поднесен проект за OpenAart

Во октомври 2012 Слободен софтвер Македонија во соработка со Ива Галевска поднесе предлог-проект на конкурсот објавен на http://eyebeam.org/blogs/roddy/openart-call-for-proposals.

Документите се во прилог на оваа вест.

Реакција по повод Предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Денес 2с.мк достави писма до 123-те пратеници на Собранието на Република Македонија како реакција по повод предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Во тоа писмо организацијата им порача на народните претставници дека законскиот предлог, особено член 11 од предлогот може да има далекусежни негативни последици по слободата на говор на Интернет.

Истовремено, писмото беше и директно упатено и до Законодавно-правната комисија при Собранието како тело одговорно за разгледување на овој закон.

Поднесок од Слободен софтвер Македонија за проект на УСАИД за граѓанско општество

Во прилог на оваа објава се наоѓа документацијата која Слободен софтвер Македонија ја поднесе за проектот на УСАИД за граѓанско општество, како и дописот од ФООМ со кој бевме известени за статусот на оваа апликација.

Ги објавуваме на интернет во согласност со досегашната пракса за споделување на информации со заедницата и пошироката јавност.

Страници

Subscribe to RSS - Документи