You are here

Настани

Слободен софтвер Македонија учествуваше на првиот состанок на работната група за отворени податоци

Вести: 

Состанокот се одржа на 16 ноември 2018 година во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација со почеток во 9 часот. Беше посветен на запознавање на работната група и презентација на активностите што претходеле и што ќе следат во наредниот период, согласно Стратегијата за Отворени податоци и акцискиот план 2018-2020 година.

Наредниот состанок ќе се одржи во втората половина на месец декември 2018 година.

* Фото: Министерството за информатичко општество и администрација

Реформа на Законот за матичен број на граѓанинот во РМ

На 15.11.2016 година во ЕУ инфо центарот во Скопје се одржа јавна презентација на препораките за реформи од проектот „Граѓаните во собрание“.

Слободен софтвер Македонија ја презентираше предлог-реформата за единствен матичен број на граѓанитот, која што предлага менување на законот со цел зголемување на приватноста на граѓаните и подобра заштита на нивните лични податоци.

prezentacija

Предавања за Слободен софтвер на ФИНКИ

Почнувајќи од вторник 13-ти Ноември од 18 до 20 часот, на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), Слободен софтвер Македонија ќе одржи серија предавања на тема слободен софтвер и слободна култура.

Првото предавање е на тема „Слободен софтвер технички и социо економски аспекти на слободен софтвер”. Предавачи ќе бидат Новица Наков и Дамјан Георгиевски. Присутни ќе бидат и останатите членови на Слободен Софтвер Македонија, со цел да се претстави работата на Хаклабот КИКА. Ова прво предавање претставува одлична можност да чуеме што всушност сакаат студентите да слушнат и научат, а со тоа и да ни помогнат да ги структурираме натамошните предавања.

Страници

Subscribe to RSS - Настани