You are here

Предавања за Слободен софтвер на ФИНКИ

Почнувајќи од вторник 13-ти Ноември од 18 до 20 часот, на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), Слободен Софтвер Македонија ќе одржи серија предавања на тема Слободен Софтвер.

Првото предавање е на тема „Слободен софтвер технички и социо економски аспекти на слободен софтвер”. Предавачи ќе бидат Новица Наков и Дамјан Георгиевски. Присутни ќе бидат и останатите членови на Слободен софтвер Македонија, со цел да се претстави работата на хаклабот КИКА. Ова прво предавање претставува одлична можност да чуеме што всушност сакаат студентите да слушнат и научат, а со тоа и да ни помогнат да ги структурираме натамошните предавања.

Темите на предавањата кои се планирани може да се најдат тука.

Студентите и сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк.

Се гледаме во вторник во 18 часот во просторија 115 ТМФ (Технолошко-Металуршки Факултет).

Преземете го постерот за настанот на линкот подолу:

ПрилогГолемина
Image icon finki-2cmk-nastan1.png129.44 KB