You are here

Настани

Презентација на OpenOffice.org на македонски на Инфоком

На годинешниот Инфоком 2003, Слободен софтвер Македонија ќе одржи презентација на канцеларискиот пакет OpenOffice.org кој е преведен на македонски!

Датум: Четврток, 17 април 2003
Време: 16:00
Место: Скопски саем - Анекс на павиљон 3 - голема бина

Датум: Петок, 18 април 2003
Време: 13:00
Место: Скопски саем - Прва хала - штанд на Неоком

Исто така во текот на целиот саем активистите на Слобoден софтвер Македонија ќе делат флаерчиња и памфлети со бесплатен примерок на OpenOffice.org на македонски, како еден од чекорите на популаризирање и распространување на слободен софтвер во својот најубав облик - на Македонски!

Тие што сакаат Linux дистрибуции, ќе не најдете на саем и единствено што требате да донесете се празни дискови ќе ви ги снимиме бесплатно!

Тука можете да ја преземете и презентацијата во .sxi (OpenOffice.org 1.0) формат.

Страници

Subscribe to RSS - Настани