Во своите континуирани активности за разјаснување на нејасните делови од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, на 5.12.2012 г. Слободен софтвер Македонија се обрати до пратеникот Ивон Величковски со барање за поведување постапка за автентично толкување на делот од Законот во кој широко го опфаќа објавувањето:
„други форми на уреднички oбликувани програмски содржини кои се објавуваат, односно емитуваат дневно или периодично во пишана форма, звук или слика, на начин достапен за широката јавност.“
Документот е во прилог на оваа вест.