You are here

Заедница

LuGoLa - Битолска Linux Група

Со задоволство ве известувам дека e формирана група на Linux корисници во Битола. Именувани се Lugola и изјавуваат:

„Lugola e група на Linux корисници од регионот на Битола, како за граѓаните на Битола така и за тие што престојуваат подолго време во овој град. Групата е формирана од Александар Балаловски, координатор на групата и има единствена цел поддршка на корисниците кои работат со Linux базиран оперативен систем. Целата идеја е да се групираат познавањата и искуствата на понапредните корисници на GNU/Linux со цел помагање на тие кои сега се вклучуваат во работа со овој оперативен систем.“

Воедно почна со работа и нивното веб место: http://lugola.net.

Битолчани препорачуваат:

„Треба само да поседувате желба и амбиција за работа со GNU/Linux оперативниот систем, па потоа сите проблеми на кои ќе наидете во текот на работата ќе ги решаваме заеднички. Затоа и постои оваа група, да им помогне на корисниците кои ја гледаат иднината во овој оперативен систем.“

„Не е време да се плашите од поимот Linux. Тоа не е нешто што е исклучиво за професионалци. Тој може да биде во вашиот дом, канцеларија, на вашиот PC, Laptop, и се што би требало да ги задоволи вашите секојдневни потреби. Вие обидете се, ние ќе ви помогнеме. Затоа и постоиме. Придружете ни се...“

Им пожелуваме успешна работа и многу пингвини во градот на конзулите.

Страници

Subscribe to RSS - Заедница