You are here

Настани

Пролетен викенд со Слободен софтвер Македонија

Во сабота и недела (15 и 16 април 2006) во просториите на Народна техника од 11 до 21 часот ќе се одржи третиот инсталационен фестивал на Слободен софтвер Македонија. Овој пат, настанот ќе биде проширен со дополнителни активности. Покрај инсталирањето на слободен софтвер за посетителите ќе има и предавања, работилници, дискусии и многу повеќе...

Инсталационен фестивал е настан, на кој масовно се инсталира слободниот оперативен систем ГНУ/Линукс. Посетителите треба да дојдат со своите компјутери и таму ќе добијат стручна помош од искусни корисници за спроведување на инсталацијата. За повеќе информации посетете ја страницата за фестивалот.

Покрај инсталирањето на слободен софтвер, посетителите ќе можат слободно да копираат дискови со апликативен софтвер.

Во попладневните часови ќе има работилници за развој на веб апликации со употреба на слободни веб платформи, локализација на слободен софтвер и запознавање со работата на македонскиот тим на википедија, најпознатата слободна енциклопедија.

Во вечерните часови се планирани панел дискусии на тема слободниот софтвер и софтверските патенти, авторските права и интелектуалната сопственост и импликациите за секој граѓанин во информациското општество.

Настанот претставува промовирање на слободниот софтвер и градење на заедница на корисници и поддржувачи.

Народна техника се наоѓа на бул. "Партизански одреди" бр. 99, спроти Лептокарија. Влезот и услугите се бесплатни.

За Слободен софтвер Македонија: Слободен софтвер Македонија е непрофитна организација која се занимава со промовирање, развој и дистрибуција на слободен софтвер на територијата на Република Македонија. (http://.slobodensoftver.org.mk)

Настанот делумно е финансиски поддржан од Фондацијата Метаморфозис.
Благодарност до ПОГОН за логистичката поддршка.

Презентација за слободен софтвер

Во склоп на НВО Саемот 2005 на Скопски саем на 10 декември 2005 (сабота) во 13.15 часот ќе биде одржана едукативната сесија во организација на Фондацијата Метаморфозис: „ИКТ за поефикасни локални самоуправи“.

Меѓу оние кои ќе зборуваат пред претставниците од локалната самоуправа ќе биде и Новица Наков од Слободен софтвер Македонија.

Сите заинтересирани се добредојдени.

Маратонот заврши! ОО.о 2.0 зборува македонски!

Корисничкиот интерфејс на Опенофис 2.0 е целосно преведен на македонски јазик, како и 25% од помошта. Веќе излегоа и првите инсталациони датотеки за Линукс и слики од екранот на Опенофис.орг 2.0 на македонски јазик.

Ако сакате да го пробате како изгледа на Вашиот компјутер, бета нестабилни инсталациони датотеки можете да преземате од ftp.linux.cz За понатамошни информации за текот на уредување и финализирање на преводот посете ја http://mk.openoffice.org.

Страници

Subscribe to RSS - Настани