You are here

Настани

Споделете знаење!

Слободен софтвер Македонија на својот блог специјално посветен на споделувањето на знаење, го најави отворањето на работилниците за слободен софтвер кои ќе се одржуваат на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Работилниците ќе се одржуваат секоја втора недела а започнуваат на 28.11.2006 (вторник). Бидете таму!

Меѓународна работилница за слободен софтвер

На 25 и 26 октомври, во Скопје, ќе се одржи меѓународна работилница на тема употреба на слободен софтвер во образованието и владата во Република Македонија. Работилницата е наменета за претставници на владините и образовните институции на соседна Република Албанија.

Настанот ќе биде можност гостите од Албанија да споделат искуства со нивните колеги од Македонија, кои во македонските институции промовирале добро владеење преку употреба на слободен софтвер.

Повеќе информации за работилниците и учесниците на страницата посветена на настанот.

Преведувачки маратон за ОО.о 2.0 - Втор дел

Во организација на фондацијата „Метаморфозис“ и „Слободен софтвер Македонија“, а по повод љубовта кон мајчиниот јазик, викендот на 30 јуни, 01 и 02 јули 2006, ќе се трча вториот маратон за локализација на помошта на веќе локализираниот OpenOffice.org 2.0

Тимовите за преведување овој пат се составени од информатичари и преведувачи од Филолошкиот факултет во Скопје.

Страници

Subscribe to RSS - Настани