Денес, 10.11.2010 г. во рамките на работилницата за е-влада што ја организира USAID преку својот Egov проект, Дамјан Георгиевски од Слободен софтвер Македонија одржа кратка презентација за слободниот софтвер и митовите за неговата безбедност и сигурност.
Презентацијата траеше 10-тина минути и беше продлабочена со дискусија помеѓу присутните за другите нејаснотии кои постојат во јавноста во врска со карактеристиките на слободниот софтвер.