You are here

Од стара страница

Презентација на хрватскиот Говорен Linux за слепи (ГЛС)

На 08-мај (четврток) oваа година во 15:30 часот во Хуманитарниот Дом „Даре Џамбаз“ (спроти Кјуби, поранешно ЗОИЛ) ќе се одржи промоцијата на хрватскиот Говорен Linux за слепи (ГЛС).

Презентер ќе биде Данко Ботурац, а за слободниот софтвер ќе говори Ристе Пејов од Слободен софтвер Македонија.

Се работи за проект за развој на Говорна Linux дистрибуција за слепи лица која под водство на Хрватскиот сојуз за слепи се развива последните две години.

    Што овозможува ГЛС?
  • Самостојност во пишувањето на компјутер бидејќи има интегриран уредувач;
  • Самостојност во работата со датотечниот систем;
  • Сурфање на Интернет;
  • Праќање, примање и читање на email;
  • Едноставни компјтерски пресметки со употреба на калкулатор.
    Што ново нуди ГЛС?
  • Бесплатен е;
  • Говорот кој го произведува е синтетички глас (базиран на природен човечки говор) кој чита хрватски (забелешка. се надеваме во иднина и македонски);
  • Не е потребна инсталација, така да слепото лице може да го користи ГЛС на било кој компјутер, носејќи CD-ROM во џеб. Тоа е прв софтвер за слепи кој овозможува ваква самостојност.
    Што е ГЛС?
  • Самостојна Linux дистрибуција базирана на Mandrake Linux;
  • Самостоен CD-ROM медиум кој овозможува говор на готово секој PC;
  • Софтвер развиен на бесплатен и отворен-код (open-source) решенија, како што се Python, Lynx, Antiword, Sox, mpg123, alsa, Mbrola;
  • ГЛС проектот е одличен начин да се покаже како со малку пари во отворен код опкружување, може да се направи инзвореден технолошки напредок и да се помогне на многу луѓе.
    • ГЛС проектот е во голем дел финансиран од страна на Институтот отворено општество (OSI), а поединости за проектот може се најдат на: http://www.ipsis.hr/static/, а новости на http://www.ipsis.hr/gls/.

Дискови со OpenOffice.org на македонски јазик

Деновиве добиваме многу нарачки на дискови со OpenOffice.org на македонски, но за жал сите 500 бесплатни примероци ги поделивме на годинешниот Инфоком.
Сега за сега, доколку сакате да нарачете CD ве молиме да контактирате со нас на следниве адреси:

  • agitator_НА_bagra.net.mk - Нас. Аеродром
  • zlat_НА_mail.com.mk - Нас. Аеродром
  • glisha01_НА_mail.com.mk - Центар
  • ufo_НА_linux.net.mk - Карпош 4, Влае
  • mancula_НА_hotmail.com - Тетово

Цената на дисковите е 70 денари или два празни диска за еден полн диск со OpenOffice.org на македонски. Доколку сакате да бидете вклучени на листава особено ако не сте од Скопје ве молиме напишете порака до info_НА_slobodensoftver.org.mk

Да ја искористиме приликава да ги повикаме сите заинтересирани фирми и поединци кои сакаат да донираат празни дискови кои повторно би ги делеле бесплатно со OpenOffice.org на македонски да контактираат со нас на info_НА_slobodensoftver.org.mk.

Промоција на слободен софтвер во електронските медиуми

Овој петок во 10:30 ќе ја има втората емисија од се надеваме редовниот циклус емисии на Македонското радио специјализирана за Слободниот софтвер.

Фрекфенциите се:

  • 98,8 MHz Скопје
  • 97,3 MHz Велес
  • 93,3 MHz Штип, Кочани
  • 92,3 MHz Битола, Прилеп, Ресен
  • 93,3 MHz Охрид
  • 95,3 MHz Гевгелија, Дојран
  • 101 MHz Дебар
  • 90,0 MHz Крива Паланка
  • 103 MHz Маврово
  • 98,1 MHz Кичево

АМ (MW) се слуша низ цел свет: 810 KHz.

Доколку сакате да станете соработник за емисијата пишeте едно писмо нa info_НА_slobodensoftver.org.mk.

Исто така да ја искористиме приликата да кажеме дека идниот Понеделник (28.04.2003) во емисијата Хоризонт на А1 телевизија (10:30 и репризи 02:30) исто така ќе има блок посветен исклучиво на Слободниот софтвер.

Страници

Subscribe to RSS - Од стара страница