You are here

Презентација на хрватскиот Говорен Linux за слепи (ГЛС)

На 08-мај (четврток) oваа година во 15:30 часот во Хуманитарниот Дом „Даре Џамбаз“ (спроти Кјуби, поранешно ЗОИЛ) ќе се одржи промоцијата на хрватскиот Говорен Linux за слепи (ГЛС).

Презентер ќе биде Данко Ботурац, а за слободниот софтвер ќе говори Ристе Пејов од Слободен софтвер Македонија.

Се работи за проект за развој на Говорна Linux дистрибуција за слепи лица која под водство на Хрватскиот сојуз за слепи се развива последните две години.

    Што овозможува ГЛС?
  • Самостојност во пишувањето на компјутер бидејќи има интегриран уредувач;
  • Самостојност во работата со датотечниот систем;
  • Сурфање на Интернет;
  • Праќање, примање и читање на email;
  • Едноставни компјтерски пресметки со употреба на калкулатор.
    Што ново нуди ГЛС?
  • Бесплатен е;
  • Говорот кој го произведува е синтетички глас (базиран на природен човечки говор) кој чита хрватски (забелешка. се надеваме во иднина и македонски);
  • Не е потребна инсталација, така да слепото лице може да го користи ГЛС на било кој компјутер, носејќи CD-ROM во џеб. Тоа е прв софтвер за слепи кој овозможува ваква самостојност.
    Што е ГЛС?
  • Самостојна Linux дистрибуција базирана на Mandrake Linux;
  • Самостоен CD-ROM медиум кој овозможува говор на готово секој PC;
  • Софтвер развиен на бесплатен и отворен-код (open-source) решенија, како што се Python, Lynx, Antiword, Sox, mpg123, alsa, Mbrola;
  • ГЛС проектот е одличен начин да се покаже како со малку пари во отворен код опкружување, може да се направи инзвореден технолошки напредок и да се помогне на многу луѓе.
    • ГЛС проектот е во голем дел финансиран од страна на Институтот отворено општество (OSI), а поединости за проектот може се најдат на: http://www.ipsis.hr/static/, а новости на http://www.ipsis.hr/gls/.