You are here

Од стара страница

Нов форум за слободен софтвер

Неодамна тивко и нечујно почна да работи новиот форум за јавни дискусии на Слободен софтвер Македонија. Форумот ќе се користи за муабет и решавање на проблеми со кои се секојдневно се сретнуваат корисниците на слободен софтвер во Македонија. Значи доколку нешто ви шкрипи во компјутерот, слободно дојдете и прашајте на http://www.slobodensoftver.org.mk/forum/ (забелешка: овој форум веќе не постои).

Се надеваме дека новиот форум ќе стане постојана станица за сите корисници на слободен софтвер во Македонија.

Редовен термин за Слободен софтвер на Македонското радио

Во минатите емисии подготвени од „Слободен софтвер Македонија“ имавте прилика да слушате за слободниот софтвер, генерално, и посебно за оперативниот систем GNU/Linux како негов знаменосец.

Како потсетување емисијата редовно оди во петок (следната ќе биде на 23.05.2003) на фреквенцијата на Македонското радио во 10:30 исто како и претходните.

Овој пат ќе говори Данко Илиќ.

Презентација во Прилеп

На ден сабота, 17 мај 2003 год. во градот под Марковите кули, поточно во Гимназијата „Мирче Ацев“ ќе гостува Слободен софтвер Македонија.

Настанот ќе почне во 11:00 кога ќе се одржи презентација на слободен софтвер и Linux. Потоа ќе преминеме на практика и ќе покажеме на кратко инсталација и основна употреба на Linux -от како најпознат претставник на слободниот софтвер.

По кратката пауза во 15:00 следи презентација на OpenOffice.org на македонски.

Доколку живеете во Прилеп или во близина не пропуштајте! :-)

Страници

Subscribe to RSS - Од стара страница