You are here

Од стара страница

Спонзорство за промоција на OpenOffice.org на македонски

Слободен софтвер Македонија е млада организација. Сепак нејзината активност веќе вроди плод. Веќе го имаме пред нас канцеларискиот пакет OpenOffice.org преведен на македонски за време на преведувачкиот маратон, организиран од нашата организација во декември 2002.

OpenOffice.org е слободен софтвер, што значи дека може слободно и бесплатно да се дистрибуира и користи. Нашиот следен чекор е промовирање на овој софтверски производ пред македонската јавност.

За да го постигнеме ова, превземавме чекори овој канцелариски пакет да биде претставен на годинешниот Инфоком кој ќе се одржи на Скопски саем од 15 до 19 април.

Конечно, за да ја изведеме успешно оваа презентација, како и целата замисла за промовирање на OpenOffice.org на македонски, потребна ни е вашата помош. Се надеваме дека ќе ни излезете во пресрет со спонзорство за изработка на дискови со OpenOffice.org кои ќе се делат бесплатно на посетителите, како и за друг пропаганден материјал (флаери, брошури, постери).

Со тоа, логото на вашата фирма, би се појавило на пропагандниот материјал и опаковката на CD-то, во делот за благодарност до спонзорите/покровителите/пријателите на Слободен Софтвер Македонија.

Средствата може да ги уплатите на жиро-сметка 210-0570883401-10 депонент на Тутунска Банка.

Нови преводи на KDE

На работната страница на KDE преводот http://mkde.sourceforge.net деновиве беа поставени нови покомплетни преводи.
Доколку сакате да помогнете околу преводот, а со цел истиот да биде вклучен во новата официјална KDE верзија контактирајте со Данко за да ве „запосли“. :-)

Неформален редовен состанок на членовите

Сите кои незнаат, а тие што знаат да ги потсетиме дека денеска е недела. И како и секоја недела во 17:00 часот, Организацијата се труди да одржува редовни неформални состаноци. „Состаноците“ ги одржуваме во Пингвин Паб (спроти новата Рекорд автобуска во центарот на Скопје).

Тогаш е најдобар начин да се запознаеме сите и евентуално да пополните пристапница. :-)

Оваа недела главен настан ќе биде делењето на маици со пингвинче. За жал нема да има маици веднаш за кој сака туку само за пријавените од пред недела дена. Ако некој друг сака маица нека се пријави на info_НА_slobodensoftver.org.mk за да му се направи до идната недела или да ја следи повнимателно поштенската листа и таму да види кај да се пријави.

И да, доколку некој сака цедиња со линукс да му се снимат нека провери http://www.mksoftver.org (забелешка: ова страница веќе не постои) или http://linux.net.mk кои дистрибуции ги има и нека пише мејл да се договори со некој да му донесе.

Страници

Subscribe to RSS - Од стара страница