You are here

Документи

Преводот на позначајните делови од писмото на Џон Хол

Забелешка: Целото писмо на англиски јазик е достапно на оваа врска.

Разбрав дека размислувате да потпишете договор со Микрософт, со кој тие ќе обезбедат софтвер кој ќе го користи вашата влада. Несомемнено, тие ви понудиле многу добра цена за софтверот, и најверојатно вие сте извршиле истражување и сте заклучиле дека ова е најдобрата зделка за вашата земја. Дозволете ми да објаснам зошто ова не е во ваша полза, или во полза на вашата земја.

(....)

Микрософт, најверојатно, ви понудил солиден попуст за софтверот кој ќе го користи вашата влада, а можеби и образовниот систем. Ова е позната пракса на производителите на софтвер. Како и да е, ова е само дел од трошоците кои ќе ги сноси македонскиот народ. Други снабдувачи на владата ќе го користат истиот софтвер кој владата го користи, заради компатабилноста и полесната размена на документи. Овие снабдувачи ќе мораат да ја платат целосната сума за микрософтовиот софтвер, и потоа ќе ги пренесат тие трошоци на своите муштерии, владата. Како што можете да видите, Микрософт сепак ќе заработи многу пари од договорот склучен со македонската влада, преку индиректните плаќања до вашите снабдувачи. Јас знам, бидејќи често оправдував такви програмски попусти додека работев во Digital Equipment Corporation

(....)

Најверојатно, Микрософт ви дал добра понуда на за авторски плаќања (royalties) годинава. Истото го направи ја и со училишниот систем во државата Орегон, во Соединетите Американски Држави. Но, следната година, кога училишниот систем го надградуваше својот софтвер, Микрософт им наплати 70 000 американски долари за надргадбата. Ова значеше дека училишниот систем, кој немаше буџет за надградбата, мораше да отпушти двајца учители. Дали вашиот предложен договор со Микрософт има клаузула која покрива повеќегодишни надрадби? Дали има клаузула која го ограничува годишното менување на цената од страна на Микрософт?

(....)

Македонија има околу 2 милиони луѓе. Овие луѓе би сакале да користат софтвер кој е преведен на нивниот најчин јазик. Дали Микрософт се согласи да ги преведе сите свои производи на вашиот јазик? И при тоа постојано да го одржува тој превод? Понекогаш, компаниите преведуваат производи, но повторно ги преведуваат производите само при главни нови изданија.

(....)

Зборувајќи за „постојаноста“, Микрософт понекогаш прави драстични промени во своите производни линии, присилувајќи ги компаниите и владите да правад надградби. Други компании кои продаваат нелсободен софтвер, софтвер со затворен код, затвориле цели производни линии, бидејќи истите станале непрофитабилни. Корисниците на овие продукти, бидејќи го немаат нивниот изворен код, или основното знаење за работа на софтверот, не беа способни да ја одржат работата на продуктот, и така беа присилени да се придвижат по скапата миграциона патека. Дали Микрософт понудил да компензира некој од вашите трошоци за идните големи надградби на нивните продукти? Со Слободниот и Отворен код софтверот, Македонија може да прави свои бизнис одлуки, дали сака или не, да продолжи да користи одреден код, и да вработи луѓе да го одржуваат, или дали сака да се префрли на друг продукт. Бизнис одлуката ќе биде на Македонија, а не на Микрософт.

(....)

Многу е значајно за Македонија да ја изгради таа софтверска економија. Во овој свет, кој се смалува, многу е лесно да се стане зависен од други земји. Се откажуваме од одредени можности бидејќи е „поевтино“ или „полесно“ да се купат од други земји. Но, што ќе се случи ако тие земји воведат ембарго кон вашата земја? Што ќе се случи ако тие земји ја употребат својата економска моќ и ве присилат да правите работи што не сакате да ги правите? Што ќе се случи ако таа земја е нападната од друга земја, и е уништена, или ако таа земја претрпи тероростички напад кој ќе го оневозможи работењето на софтверската индустија од која вие зависите? Што ќе се случи ако земјата во која се наоѓа компанијата за софтверско производство одлучи дека вашата земја не треба да има најдобар софтвер за енкрипција, или можност да создаде супер компјутер? Зошто таа влада да одлучи што е добро за Македонија?

(....)

Да зборуваме за сигурноста. Какви гаранции ви даде Микрософт дека кодот кој го користите е без тројански коњи и задни врати? Тие скоро развија план со кој им дозволија на избрани луѓе од избрани влади да можат да го видат нивниот изворен код преку Интернет, употребувајќи алатка која тие ја обезбедуваат. Нормално, тие не ти дозволуваат да го видиш целиот изворен код, само одредени делови. И нормално, нема конкретно осигурување дека кодот кој ти го гледаш е тој кој е употребен за да се изградат бинарните апликации кои ти ги користиш. Заради тоа тоа и не е од некоја помош, туку е губење време.

(....)

Слободниот и Отворен код софтверот ви ги дава СИОТ код, под ВАША контрола, за да ги изградите комајлерите и оперативните системи, апликациите и други неопходни делови потребни да ја заштитат вашата влада. Ова е една од причините поради која Национална Агенција за Сигурност (NSA) соработувше со слободен софтвер/отворен код заедницата, за да создаде Secure Edition верзија на оперативниот систем Linux (SELinux), со подобрена безбедносна заштита, и да ја направи слободно достапна во својот изворен код.

(....)

Слободниот/Отворен код софтвер се развива низ целиот свет. Не му припаѓа на никого, и им припаѓа на сите. Изворниот код се наоѓа на илјадници (ако не и милиони) сервери, во стотина земји. Ако овие сервери исчезнат, изворот се уште ќе се наоѓа на милиони CD-ромови и DVD-а. Ќе може набрзина да се состави во време на катастрофи. Но, ако Македонија не ја развие слободната и отворен код економија, таа нема да може да ги искористат овие предности. На вашата земја ќе и требаат луѓе едуцирани да работат со Слободниот и Отворен код софтвер, оние кои се запознаени со него, за да можат да помогнат на вашата влада кога ќе и бидат потребни. Треба да започнете во вашата влада, на вашите универзитети, и во вашите училишта.

(....)

Универзитети не треба да предаваат предмети базирани на продукти кои се менуваат секоја година. Тие треба да предаваат предмети базирани на напишани и отворени стандарди и основни принципи. Овој вид на образование ќе остане кај вашите студенти и во далечната иднина.
Во прилог на ова, употребата на Слободните и Отворен код оперативните системи во образованието на студенти овозможува тие да видат како е изграден вистински оперативен систем, тој кој работи на сѐ, почнувајќи од PDAs и џебни системи, се до супер компјутери. Ова им овозможува на студентите да бидат образувани на оперативен систем кој е користен од една третина од сите сервери во светот денес, и кој брзо се шири на територијата на корпорациските десктоп машини. Студентите со можноста да го видат изворниот код, ќе можат да осознаат, не само, како работи оперативниот систем, и како да го администрираат, туку и зошто работи.

(....)

Јас сум сигурен дека Микрософт, кога ќе им го покажете ова писмо, ќе имаат многу оправдувања и одговори за некои од точките. За други ќе немаат одговор, а сеуште има и други теми кои ги немам спомнато во ова писмо. Би ја ценел можноста да ги презентирам и да дискутирам за овие теми со вас.

(....)

Главната поента е дека Слободниот и Отворен код софтверот и дозволува на Македонија да влезе во пазарот за развивање на софтвер, не како роб на други компании, земји или економии, туку како слободен и рамноправен партнер во развојот. Ова е тоа што го разбра Кина откога разговарав со нивниот Министер за Информатичка Технологија во 1995, тоа што Јужна Африка го разбира во моментов, тоа што Германија и Јапонија го имаат разбрано и тоа што Малезија го разбира (додека јас се враќам од разговорите со нивнтата влада и го куцам ова писмо). Други влади, исто така, се движат во тој правец. Македонија нема да биде сама.

Стратешко партнерство помеѓу Владата на Р. Македонија и корпорацијата Мајкрософт

Слободен софтвер Македонија беше будно ги следеше настаните до потпишувањето на стратешко партнерство помеѓу Владата на Р. Македонија и корпорацијата Мајкрософт во декември 2003 година.

Документите од тоа време достапни се на: http://www.slobodensoftver.org.mk/OktomvriskiDokumenti/.

Исто така, тука може да се прочита писмото кое Џон Хол, претседателот на Linux International го упати до Македонија пред поптишувањето на партнерството. Целото писмо на оваа врска, а превод на позначајните делови на оваа врска.

Страници

Subscribe to RSS - Документи