You are here

Софтвер

Firefox и Thunderbird на македонски

Mozilla Firefox е слободен, open-source, меѓу-платформски и бесплатен веб прелистувач за Windows, Linux, MacOS X и други оперативни системи.

Firefox ви овозможува да ги извршувате вашите активности на интернет побрзо, посигурно и поефикасно одколку било кој друг интернет прелистувач.

Тој е мал, брз и лесен за користење, и нуди многу предности во однос на другите веб прелистувачи, како на пр. прелистување со табови и способноста за блокирање на непожелните скокачките прозорци. Повеќе информации ќе најдете на http://www.mozilla.com/en-US/firefox/.

Firefox e целосно преведен на македонски јазик.

Mozilla Thunderbird е моќен open-source клиент за е-пошта и дискусиони групи за 2004 година и иднината. Вратете ја функционалноста на вашата е-пошта.Вие сте повторно во контрола!

Мozilla Thunderbird поддржува напредна детекција и паметен начин да го отстраните отпадот во вашата пошта, вклучуваќи и многу други корисни можности. Повеќе информации ќе најдете на http://www.mozilla.com/en-US/thunderbird/.

Mozilla Thunderbird е исто така целосно превед на македонски јазик.

Прв оперативен систем целосно македонизиран!

Дел од тимот на Слободен Софтвер Македонија започна проект со цел да се направи оперативен систем кој ќе биде целосно на македонски јазик.

Проектот и самиот оперативен систем се води под името МаЛинА (Македонска Линукс Алтернатива).

Целта е да се создаде лесен за користење, десктоп оперативен систем коj ќе ги содржи сите потребни апликации за секојдневна работа со персонален компјутер. Планот е целата дистрибуција да биде сместена само на 1 бутабилно цд базирано на Morphix.

Покрај тоа што ќе биде достапна на македонски, „МаЛинА“ ќе биде слободен софтвер објавен под GPL лиценцата и со тоа автоматски слободно и бесплатно достапна за сите заинтересирани корисници. Во моментов тимот е во потрага по волонтери (преведувачи, дизајнери, техничари) кои што би можеле да го помогнат реализирањето на овој проект.

Пријавете се доколку сакате да помогнете.

Mozilla Firebird на македонски

Mozilla Firebird е слободен, open-source и меѓу-платформски веб прелистувач за Windows, Linux, MacOS X и други оперативни системи. Тој е мал, брз и лесен за користење, и нуди многу предности во однос на другите веб прелистувачи, како на пр. прелистување со табови и способноста за блокирање на скокачките прозорци. Од пред извесно време тој е преведен целосно на македонски. Повеќе информации и врска за преземање ќе најдете на http://mozilla.com.

Покрај Mozilla Firebird, беше преведен и прилагоден клиентот за електронска пошта, Mozilla Thunderbird.

Страници

Subscribe to RSS - Софтвер