You are here

Заедница на корисници на слободен софтвер во Република Македонија

Ние во Слободен софтвер Македонија сакаме да веруваме дека сите луѓе кои користат слободен софтвер се дел од заедницата.

Со цел на ова да му се даде форма, заедницата се организира на различни начини. Најлесниот начин веројатно е да се приклучите на поштенската листа [ossm-members] или пак да се приклучите на каналот за IRC #lugola на серверот irc.freenode.net.

Следниот чекор е да станете активен/на во некоја од групите на корисници слободен софтвер во Р. Македонија.

Она што луѓето кои се веќе дел од заедницата ќе го ценат е да се приклучите во некој од проектите кои се во тек или пак предложите и отпочнете свој проект кој ќе го помогне слободниот софтвер или слободната култура. Имајте на ум дека луѓето што веќе се дел од заедницата работат и придонесуваат по определени правила. Такви на пример се правилата за бон-тон на поштенска листа. Понатаму она што стои како општо очекување е дека никој не треба да биде мрзлив. Ако сте мрзливи и не сте доволно мотивирани сами да решите некој проблем или да направите нешто, тогаш веројатно е дека и другите нема да бидат мотивирани да ви помогнат или да ви се придружат.

Потребно е многу работа за да имаме слободно општество. Придружете ни се!