You are here

Групи на корисници слободен софтвер во Р. Македонија

Вести: 

Група на корисници на слободен софтвер (или ГНУ/Линукс) е неформална група на луѓе, корисници на ГНУ/Линукс кои се здружуваат за да си помагаат или да им помагаат на другите во користењето на оперативниот систем ГНУ/Линукс или друг слободен софтвер, ширењето на слободниот софтвер и идеите поврзани со него. Групите на корисници на слободен софтвер се клетки на заедницата. Слободен софтвер Македонија се залага за формирање на што е можно повеќе вакви групи низ Републиката.

Моментално во Македониаја постојат следниве групи:

  • 02 е неформалното име на група на корисници на слободен софтвер од Скопје. Групата нема официјален датум на формирање бидејќи голем дел од активностите се испреплетуваат со оние на Слободен софтвер Македнија. Сепак, она што воглавно се случува може да се следи на http://spodeliznaenje.blogspot.com. Приклучете се!
  • Лугола е група на корисници на ГНУ/Линукс од Битола која е основана во март 2004 година. Повеќе информации за неа има на http://www.lugola.net. Ако сте од Битола, тоа е првото место каде што треба да се обратите за било какви прашања во врска со слободниот софтвер;
  • Лугоп е група на корисници на ГНУ/Линукс од Прилеп која е основана во март 2007. Повеќе информации за неа има на http://wiki.lugola.net/Лугоп. Ако сте од Прилеп, тоа е првото место каде што треба да се обратите за било какви прашања во врска со слободниот софтвер.