You are here

Пет години Слободен софтвер Македонија

На 28.10.2007 година навршуваат 5 години од основачкото собрание на Слободен софтвер Македонија и нешто повеќе години од активности поврзани со слободен софтвер.

По тој повод ќе организираме забава во Клубот на новинари во сабота 27.10.2007. Почетокот е околу 21:30 часот.

Забавата е од отворен тип, а ние ќе пуштаме музика и ќе проектираме материјали од изминатите активности.

Ќе ни биде посебно задоволство доколку го одбележиме овој ден заедно со сите луѓе што имаат допирни точки со слободниот софтвер и слободната култура.

Види поголема мапа