Конференцијата „е-Општество.мк“ се одржа во Скопје на 29 и 30-ти ноември 2007 година.
Слободен софтвер Македонија одржа своја презентација на првиот ден од конференцијата на сесијата насловена „Креирање околина за инклузивна е-власт“. Претставник на 2c.mk овој пат беше Миша Поповиќ.
Во ефектната и доста динамична презентацијата на тема „Улогата на јавниот домен, Криејтив комонс и слободниот софтвер во развојот на е-власт“, Миша говореше за тоа како овие концепти создаваат околина за развој на е-власт која ќе им биде достапна на сите граѓани и која ќе промовира слобода.
Презентацијата наиде на одличен прием и ги отвори вратите за широка дискусија за слободен софтвер на последната сесија на конференцијата на 30-ти ноември.