Миша Поповиќ е политолог кој се интересира за општествениот и политички контекст на слободниот софтвер и слободната култура како и за движењата кои се родиле позади нив.
Во својата работа на Правниот факултет во Скопје, на студиите по политички науки и новинарство, Миша ги инкорпорира овие теми во курсевите по информатика и ја помага соработката која се разви помеѓу факултетот и организацијата „Слободен софтвер“ во доменот на обука на идните новинари и политолози.
Во наредниот период главна преокупација ќе биде развивање на иницијативата „Сподели“, која е дел од целите на организацијата за промоција и развој на културата на споделување.
Миша моментално ја извршува функцијата Претседател на „Слободен софтвер Македонија“.
Со Миша можете да контактирате на е-пошта: misa slobodensoftver.org.mk