You are here

Презентација на Е-општество.мк 2009

На 2 и 3 декември 2009 година се одржа петата по ред меѓународна конференција Е-општество.мк, овој пат на темата „Јас, медиум“. Како и на претходните изданија, така и овој пат Слободен софтвер Македонија учестуваше со своја презентација на работниот дел од конференцијата.

е-општество

Новица Наков презентираше на тема „Ширењето на хакерскиот дух“. Презентацијата опфати неколку примери за раниот развој на интернет, во време кога хакерите развивале софтвер самостојно и најмногу поради решавање на своите проблеми. Она што денес го знаеме како основно тело на интернет, започнало како занимација за голем број на програмери. Хакерската култура која типично ја објаснува желбата на луѓето да создаваат на овој начин, изникнува од американскиоте академски институции какко МИТ и Беркли, каде неслучајно се раѓа и слободниот софтвер.

Во рамките на отворената дебата на вториот ден, Игор Стаматовски зборуваше за искуствата на Слободен софтвер Македонија во самостојното организирање на активностите во хаклабот КИКА.

е-општество
Денеска, новите медиуми не можат да се замислат без интернет, но дали духот на хакерите ќе се прошири помеѓу луѓето кои ги користат новите медиуми?

Има одлучно „да“ на ова прашање. Примерите од светот веќе јасно говорат дека луѓето, имајќи ги сите алатки на располагање, нема да чекаат некој друг да им пренесе информации или да обработи податоци. Можеби највидлив пример за ова е Gapminder.

Во Македонија исто така постојат неколку примери за ваква самостојна употреба на медиумите. Иако некои од овие не се базирани на слободен софтвер, сепак тие го следат оддолу-нагоре направи сам пристапот, нешто што го одликува хакерскиот дух.

Да се надеваме дека во иднина ќе се случи приближување и новите медиуми развивани во хакерски дух сѐ повеќе ќе го користат слободниот софтвер кој го пишуваат хакерите.