You are here

Новица Наков

Новица Наков

Новица Наков е истакнат член на македонската заедница за слободен софтвер. Новица е член на Слободен софтвер Македонија од нејзиното основање, а од септември 2005 до јануари 2009 служеше како претседател на организацијата.

Новица е дипломиран економист кој се интересира за тоа како економијата од наука за реткоста на добрата ќе се соочи со промената која настанува во светотот на информациите - изобилство и вештачката реткост која ја создаваат застарените бизнис модели.

Тој се интересира информациските и комуникациските технолигии и законите за авторски права, за тоа како тие влијаат во ограничувањето на слободата на луѓето и како можеме да ги спречиме и да ја вратиме слободата во рацете на сите нас.

Новица пишува на текстови и често држи предавања за слободен софтвер, слободна култура и теми блиски до овие. Тој исто така активно придонесува во локализирањето на слободен софтвер на македонски јазик особено преку локализирањето на водечкиот прелистувач за Интернет Mozilla Firefox.

Во слободно време чита книги и сурфа на imgur.

Со Новица можете да контактирате на е-пошта: <novica Е-пошта slobodensoftver.org.mk>.