По успешните презентации на OLPC, во Скопје и Битола, Слободен софтвер Македонија во соработка со групата на корисници на Линукс од Прилеп, ЛугоП одржаа презентација на лаптопот за секое дете во овој град.
Овој лаптоп е ефтин и адаптиран за детските потреби и работи на база на слободен софтвер со оперативен систем Fedora на околина Sugar.
Презентацијата од околу 1 час се одржа во просториите на општина Прилеп. Секој имаше можност да го проба лаптопот.
На презентацијата имаше и видео материјали за овој зелен лаптоп, презентација на неговите можности и презентација за мисијата и целта на проектот.