На 28ми декември, петок, во организација на Групата на корисници на GNU/Linux од Битола, Лугола, се организира настан за промоција на лаптопот за секое дете, кој со пилот проектот на Владата на Р. Македонија, допатува и во нашата земја, во неколку основни училишта. Настанот ќе се одржи во Техничкото училиште во Битола (СОТУ „Ѓорги Наумов“), со почеток во 18.00ч. каде присутните (се надеваме на поголемо гостување на ученици од основните училишта), ќе можат да проследат неколку презентации за овој проект и практично да се запознаат и искусат перформансите на XO лаптопот кој произлезе од него.
За присутните ќе има бесплатни дискови со слободен софтвер, печатени материјали итн. Ве покануваме на што помасовно присуство.