You are here

Информации за добивање материјали за Денот на слободен софтвер 2007

Слободен софтвер Македонија (најверојатно ќе) има на располагање 5000 DVD-а со Федора 7 на македонски и слободен софтвер за неслободниот Windows оперативен систем.

Сите оние кои сакаат да добијат определени количини од промотивниот материјал потребно е да испратат
е-пошта со што ќе изразат интерес за определена количина на дискови.

Откако ќе им биде одобрено барањето и ќе можат да ги подигнат дисковите, потребно е да донесат писмено барање адресирано до организацијата, потоа да поднесат извештај до 2С.мк каде ги дистрибуирале дисковите, кому и каков настан организирале во нивниот град, општина, училиште или слично, потребно е да достават и неколку фотографии од настанот.

Пријавените организатори на настаните можете да ги следите на следната вики страница http://wiki.lugola.net/SFD2007 координација може да се врши на irc.freenode.net #lugola.

Ова е прелиминарна информација и може планот да не се оствари (иако се надеваме дека тоа нема да се случи). Сепак, мислиме дека е добро со време да се види кој е заинтересиран за дискови.