You are here

Билтен на Слободен софтвер Македонија март 2008

Добредојдовте во мартовското издание на билтенот на Слободен софтвер Македонија.

Содржина:

  1. Слободен софтвер Македонија купи проектор;
  2. Ажурирање на OLPC лаптопите во Македонија;
  3. Одбележан Денот на слободни документи;
  4. Македонски верзии на пред-изданието на Firefox 3;
  5. Излезе GNOME 2.22.

Слободен софтвер Македонија купи проектор
По успешната кампања за донации од минатиот месец, Слободен софтвер Македонија купи проектор за потребите на Сподели Кино и Сподели знање. Моделот на проекторот е BenQ MP620c. Им заблагодаруваме за донациите и за помошта околу купувањето на сите кои учествуваа и донираа. Се гледаме на Сподели Кино и Сподели знаење.

http://spodeliznaenje.blogspot.com/
http://kajmakot.softver.org.mk/proektor_donacija/

Ажурирање на OLPC лаптопите во Македонија
При крајот на месец март Слободен софтвер Македонија организираше еднодневен настан на кој беа ажурирани OLPC лаптопите со најнови верзии на оперативниот систем решавајќи ги неколкуте проблеми на дечињата од основните училишта „Војдан Чернодрински“ во општината Карпош и „Дитурија“ во Сарај кои ги имаа при нивното користење.

http://olpc.blog.com.mk

Одбележан Денот на слободни документи
На 26 март заедно со градовите на 20 земји во светот Слободен софтвер Македонија скромно го одбележа Денот на слободни документи со огранизирање јавна трибина на која беше дискутирана употребата на отворени стандарди во Македонија. Целта на ваков ден е да се подигне свесноста за употреба на отворени стандарди и документи кои ќе можат да се употребуваа на било која платформа во било кое време. Беа присутни преставници од Слободен софтвер Македонија, Метаморфозис и заедницата на корисници на слободен софтвер. Фотографии од настанот може да се погледнат во Галеријата на слики.

На 29 март и во Прилеп во организација на Групата на корисници на Линукс од Прилеп во Фондацијата за поддршка и развој беш одбележан Денот на слободни документи со презентација на слобoдни формати и јавна дебата на која беа правени споредби помеѓу Microsoft Windows, Microsoft Office и GNU/Linux, OpenOffice.org и OOXML и ODF документ форматите.

http://www.flickr.com/photos/spodeliznaenje/2365060828/
http://picasaweb.google.com/dimeski.kiril/DocumentFreedomDay2008

Македонски верзии на пред-изданието на Firefox 3
Во текот на месец март почнаа да излегуваат и пред-издание верзиите на интернет прелистувачот Firefox 3 на македонски јазик. Во овој период преводот како и можностите на прелистувачот се финализираат и активно се доработуваат во пресрет на официјалната верзија Firefox 3.0. Македонската верзија може да се тестира и преземе од сајтот на Мозила.

http://ftp.mozilla.org/pub/mozilla.org/firefox/nightly/latest-trunk-l10n/

Излезе GNOME 2.22
Излезе финална верзија на работната околина GNOME верзија 2.22. Нова верзија на работната околина GNOME излегува секои шест месеци, со нови опции, подобрувања, поправени „бубачки“ и преводи. GNOME меѓу другото е стандардната работна околина на Ubuntu Linux оперативниот систем и е целосно преведен на македонски јазик. Погледнете ги белешките за изданието.

http://library.gnome.org/misc/release-notes/2.22/index.html.mk


Содржината на оваа порака пред сѐ е наменета за новинари и организации со кои соработува Слободен софтвер Македонија, но истата се испраќа до сите оние кои се пријавиле за тоа.

Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info Е-пошта slobodensoftver.org.mk>.