You are here

Записник од првиот состанок на националниот совет за информатичко општество

ЗАПИСНИК

од првиот состанок на Националниот совет за информатичко општество

На 18.03.2009 во 13 часот во билатералната сала во Владата на Република Македонија беше одржан првиот состанок Република Македонија за информатичко на Националниот совет општество. Министерство за информатичко На состанокот присуствуваа: претседателот на НСИО, м-р општество Иво Ивановски, заменик претседателот на НСИО, г-дин Лазо Петрушевски, г-дин Димитар Буковалов (МТВ), г-ѓа Рената Бурова Ѓурова (АЕК), г-дин Васко Кроневски (МАСИТ), г-дин Никола Хорватовиќ (ССКМ), г-дин Нури Мемети (Северозападна комора на Македонија), г-ѓа Ива Максимовска ( Здружение на информатичари), проф. д-р Маргита Кон Поповска (Интеруниверзитетска конференција ПМФ), проф. д-р Tони Стојановски (Интеруниверзитетска конференција Европски Универзитет), г-дин Мирослав Јовановиќ (експерт), г-ца Марија Николоска (претседател на оперативно техничкиот тим). Членови на НСИО се и г-ѓа Софче Јовановска(СКМ), г-дин Бардил Јашари (Фондација институт отворено општество-Метаморфозис), г-дин Александар Арсовски (ЗЕЛС) и проф. д-р Благоја Самакоски (експерт), кои не присуствуваа на состанокот.

На почетокот министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски им се обрати на присутните и им се заблагодари за нивното присуство. Тој го истакна значењето што го има овој Национален совет во градењето на информатичкото општество во Република Македонија. Министерот Ивановски го претстави заменик претседателот на НСИО, г-дин Лазо Петрушевски, кој им се обрати на присутните членови. Потоа и останатите членови накратко се претставија со цел нивно подобро запознавање.

Министерот Ивановски подетално ги запозна членовите со улогата и надлежностите на Националниот совет за информатичко општество. Тој, исто така, ги посочи и придобивките од неговото формирање. Министерот рече дека транспарентноста при работењето; вклучување на сите чинители во развојот на информатичкото општество и медиумите; проактивност при имплементација на стратегии од областа на ИКТ претходно усвоени од Владата на Република Македонија и воспоставување постојана двонасочна комуникација меѓу сите чинители во развојот на информатичкото општество и медиумите се основните начела на работата на Националниот совет. Потоа г-ца Николоска ги презентираше проектите на Министерството за информатичо општество.

Г-динот Кроневски во врска со проектот “Користи македонски зборови – изработка на лексикон на македонски зборови од областа на ИКТ”, даде коментар Република Македонија дека ваков проект би бил од особена корист бидејќи со него би се избегнал правно- формалниот проблем на Министерство за информатичко прогласување на некои од склучените договори за општество неважечки поради користење на несоодветно преведени македонски зборови. Г-динот Јовановиќ рече дека овој лексикон понатаму би можел да се користи како проверувач (checker) на зборови. Г-динот Кроневски даде предлог да се работи на овој лексикон перманентно за да може постојано нашиот јазик да се надополнува со нови термини од областа на ИКТ. Проф. д-р Кон Поповска напомена при преводот на зборовите да се користат и преводите на српски, хрватски и словенски. Г-динот Мемети даде предлог на зборовите да се направи и превод на албански.

Во врска со проектот за воведување на ИКТ стандарди, гдинот Јовановиќ посочи дека Метаморфозис имаат направено документ со препораки за ИКТ стандарди во државната управа. Министерот Ивановски спомена дека во МИО се работи на ова и дека тие стандарди се надградени и документот наскоро ќе биде пратен до Владата на РМ. Проф. д-р Стојановски додаде дека Техничкиот комитет за ИТ стандарди при Институтот за стандардизација ментално е во процес на формирање.

Во врска со проектот за МАРНет, проф. д-р Кон Поповска рече дека покрај УКИМ треба да се поврзат и другите факултети и дека меѓународниот линк можат да го користат и другите државни институции. Г-динот Хорватовиќ праша дали ќе има можност за јавно приватно партнерство, на што проф. д-р Кон Поповска одговори дека сега за сега не постои таква можност. Министерот Ивановски додаде дека моментално се работи на закон за МАРНет. После одржаната презентација, Министерот Ивановски даде можност за поставување на прашања.

Г-динот Буковалов праша дали претставниците на бизнис секторот се фиксни или може по потреба на конкретните теми на дискусија наместо нив да дојдат други претставници. Министерот Ивановски одговори дека не постои можност за замена на постојаните членови на НСИО, меѓутоа, рече дека постои можност за определени теми на состаноците да присуствуваат и други лица. На присутните членови им беше поделен ПредлогДеловник Република Македонија членовите детално на НСИО и беше договорено да го разгледаат до наредниот состанок, за кога се Министерство за информатичко предвидува истиот да биде донесен. општество На крајот министерот Ивановски го затвори состанокот и во согласност со сите присутни членови рече дека наредниот состанок ќе се одржи на 8.04.2009.

Заклучоци:

  • Г-ца Марија Николоска да прати до сите членови листа со контакти од членовите на НСИО
  • Г-ца Марија Николоска да ги прати на сите членови презентацијата од проектите на МИО и Предлог- Деловникот на НСИО
  • сите членови на НСИО до наредниот состанок на НСИО да го разгледаат Предлог-Деловникот на НСИО
  • Наредниот состанок на НСИО е закажан за 8.04.2009.
ПрилогГолемина
PDF icon zapisnik od prviot sostanok na NSIO 18.03.2009.pdf165.27 KB