Во организација на Слободен софтвер Македонија, а по повод љубов кон мајчиниот јазик, по втор пат ќе се трча маратон за локализација на слободен софтвер.
Кога, каде?
Маратонот ќе се одржи викендот 14 – 15 јуни 2003 во просториите на Акцент компјутери кои се наоѓаат спроти фонтаната во градскиот парк.
Како да учествувам?
Сите потенцијални маратонци да ја посетат Интернет страницата каде ќе може да го пријават своето учество: http://www.slobodensoftver.org.mk/maraton2003/
Со што се занимава Слободен софтвер Македонија?
Слободен софтвер Македонија (www.slobodensoftver.org.mk) е непрофитабилна и невладина организација во Република Македонија која се занимава со унапредување, промовирање и распространување на слободен софтвер, и негова локализацијаи, како и третирање на развивањето на софтвер како научно истражување, слободно и јавно достапно во својот изворен облик! Тука пред сe го наведуваме GNU/Linux оперативниот систем и апликативениот софтвер како OpenOffice.org и Моzilla. Со својата работа, ОССМ активно учествува во развојот на Free Software/Open Source заедницата. Ние сме дел од таа заедница и директно ја претставуваме Република Македонија.
Зад организацијата се наоѓаат неколку реализирани проекти од кои како најголем ќе го наведеме претходниот маратон организиран во декември 2003 година на кој целосно е преведен канцеларискиот пакет OpenOffice.org на македонски (http://mk.openoffice.org).
Цели на маратонот за локализација на слободен софтвер
Слободен Софтвер Македонија ја увидува потребата од употеба на слободниот софтвер на сите нивоа, почнувајќи од високо образовните институции, преку големите, средните и малите компании па се до домашните корисници. Имајќи ја во предвид економската ситуација во државата и вискоките цени за лиценцирање на оперативни системи и софтверски продукти, а водени од светските движења и искуства во сите развиени и неразвиени региони во светот, Слободен Софтвер Македонија се одлучи на иницијатива за реализаирање на најголемиот проект во историјата на РМ кој се однесува за локализација на софтверски продукти. Имено, на 14 и 15 јуни 2003 со маратонска локализација ќе се локализираат следните софтверски продукти:
Имајќи во предвид дека се работи за софтверски пакети кои се слободни за употреба, т.е. се издадени под GPL или некоја друга слободна лиценца, сите кои сакаат да користат софтвер на македонски јазик ќе ја имаат таа можност слободно и бесплатно.
Смени, термини и организација на работа
Потребни услови за учество се познавање на англискиот јазик и основна работа со компјутер.
Маратонот ќе се одржи викендот на 14 и 15 јуни 2003 година во просториите на Акцент компјутери (http://www.accent.com.mk), ќе трае два работни дена и ќе се одвива по 24 часа дневно. Преведувачите ќе бидат поделени во 3 групи и двата дена:
Оптимално е секој да помине по една смена во сабота и една во недела. Обезбедени се пијалоци и храна за маратонците.
Придобивки
Иако сметаме дека не е неопходно да ја анализираме потребата од локализаирано софтверски производи, само на каратко ќе на споменеме дека бенифициите од овие пакети ќе бидат непроценливи од повеќе аспекти:
Секако на вас доколку сеуште не сте го направиле тоа ви преостанува да го пријавите вашето учество. Ве очекуваме!