You are here

Меѓународна работилница за слободен софтвер

На 25 и 26 октомври, во Скопје, ќе се одржи меѓународна работилница на тема употреба на слободен софтвер во образованието и владата во Република Македонија. Работилницата е наменета за претставници на владините и образовните институции на соседна Република Албанија.

Настанот ќе биде можност гостите од Албанија да споделат искуства со нивните колеги од Македонија, кои во македонските институции промовирале добро владеење преку употреба на слободен софтвер.

Повеќе информации за работилниците и учесниците на страницата посветена на настанот.