Изминатиов период Владата на Република Македонија прибираше понуди за изработка на тема за нејзините веб страници. Платформата која ја одбрале е Друпал и Слободен софтвер Македонија учестуваше на овие конкурси со своја понуда. Можете да го видите изгледот кој го предложивме.
Денес по пошта ни стигна известување дека како најдобар понудувач е избрано скопското друштво „Ултранет Ултра Дооел“. Можете да го видите известувањето и решението од Владата.
Без разлика на исходот Слободен софтвер Македонија ја поздравува одлуката на Владата на Република Македонија да користи слободен софтвер за својата веб инфраструктура. Се надеваме дека тоа нема да биде единственото место каде што ќе се користи слободен софтвер и дека тој ќе најде уште поголема примена во државните институции.