You are here

Слободен софтвер во образованието

Error message

Deprecated function: The each() function is deprecated. This message will be suppressed on further calls in menu_set_active_trail() (line 2405 of /srv/slobodensoftver/drupal-7.59/includes/menu.inc).

Ние во Слободен софтвер Македонија мислиме дека во образованието треба да се користи слободен софтвер и сакаме да помогнеме тоа да се оствари. Нашата досегашна работа беше и е солидна база за неколку проекти во Македониија кои се занимаваа со ова прашање како проектот Е-школо и Проектот за основно образование.

Знаеме дека голем број на училишта имаат потешкотии со работата со слободниот софтвер и сакаме да помогнеме тие проблеми да се решат. Затоа ако ви е потребна помош, пишете ни.

Слободен софтвер Македонија соработува и со универзитетите. Сподели знаење е проект за приближување на слободниот софтвер до универзитетските студенти.