You are here

Складишта за GNU/Linux дистрибуции во соработка со Blizoo

Слободен софтвер Македонија во соработка со Blizoo Ви го претставува http://mirror.blizoo.mk. Се работи за повеќе складишта на популарни GNU/Linux дистрибуции поставени на инфраструктурата на Blizoo. Поставувањето на mirror серверите е резултат на повеќемесечната соработка помеѓу 2с.мк и Blizoo.

Се надеваме дека постоењето на овие mirror сервери ќе им овозможи на граѓаните и компаниите во Македонија побрз и поедноставен пристап до слободниот софтвер кој што го користат. За секое од складиштата можете да најдете посебни инструкции за употреба.

Поставени се копии од складиштата на Ubuntu, Debian, Fedora, CentOS, EPEL и RPM Fusion.