You are here

Програма за работа на 2с.мк за 2011 година

Во 2011 година „Слободен софтвер Македонија“ ќе продолжи со својата јавна дејност на промоција на слободен софтвер и слободна култура на локални, регионални и национални настани.

Истовремено, „Слободен софтвер Македонија“ ќе ја продолжи започнатата меѓународна соработка со организациите: Multimedialni Institut (Хрватска); Chaos Computer Club (Германија); Free Software Network (Србија); FSF Europe. За оваа година планираме неколку активности кои ќе се вклопат во програмските цели на организацијата и ќе имаат значаен удел во промоцијата на слободниот софтвер и културата на разменување (слободна култура).

1. Идејата за хаклаб е идеја за простор кој нема да биде само седиште на
организацијата, туку отворен културен простор каде ќе се негува хакерската култура во технолошка и културолошка смисла. Замислениот центар би бил налик на културен центар, но со специфична ориентација и програма, насочена кон: овозможување на простор и ресурси за работа на заеднички проекти, отворен простор за презентација на нови технологии, културен простор кој ќе презентира содржини од слободната култура, отворено место со интернет каде би можел да дојде било кој што се интересира и сака да дознае нешто ново. Хаклаб КИКА, финансиско и кадрово зајакнување на хаклабот се главните цели за 2011 година на ова автономна технолошка зона. Одржливоста ќе биде главниот предизвик на актерите кои се вклучени во заживување и промовирање на оваа слободна точка, каде што има реализација на предизвиците за секого кој има било каков интерес за хакирање на технологијата и општеството. Редовните настани GNU/Linux прва помош за кој што имаше интерес од јавноста, сподели знаење каде темите се разновидни а целта е размена на знаење и искуство, продолжување на соработката со НВО Компресор за организирање на сподели кино и поддршка на сите редовни активности во хаклабот КИКА.

2. Соработка со Метаморфозис и МИОА на проектот за национална политика за Слободeн софтвер во органите на централната власт на Република Македонија.

3. Хакерски собир со име „Ништо нема да се случи“ (НСНД): Отворен настан кој ќе се одржи во првата половина од 2011 г. во Охрид. На настанот ќе бидат поканети хакери од регионот на сесија во која ќе се разменуваат знаење и искуства.

4. Промоција на слободен софтвер и слободна култура. Слободен софтвер Македонија ќе ги поддржи следните настани поврзани со слободен софтвер во Македонија: Firefox 4 забава, Software Freedom Day, GNOME3 забава и Едно лето).

5. Сподели знаење и сподели кино надвор од Скопје. Ширење на хакерскиот дух низ Македонија и наоѓање на технолошки интересни групи кои недостасуваат или функционираат во другите градови во Македонија. Организирање и поддршка на настани заедно со локалните заедници од сите градовите во државата.

6. Ден на слободен софтвер: Настан кој традиционално се оджува во септември и е мрежа од интернационални случувања за промоција на слободниот софтвер. Оваа година во Македонија, значењето на одбележување на овој ден е проширено, бидејќи со проектите за компјутеризација на образованието, се случи голем пробив во користење на слободен софтвер. Оттука, во оваа година има повеќе засегнати страни (државните институции; бизнис заедница), а „Слободен софтвер Македонија“ ќе работи на тоа да ги вклучи сите нив во овој настан.

7. Изработка  и објавување на студија за македонските проекти за локализација на слободен софтвер.

Буџет за исполнување на програмата за работа
Табела на расходи
Ставка Опис 
1. Кирија Хаклаб КИКА за 2011 година 84.000,00 ден
2. Тековни трошоци, хаклаб КИКА за 2011 година 30.000,00  ден
3. НСНД Охрид 60.000,00 ден
4. Ден на слободен софтвер 30.000,00
5. Изработка и објавување на студија за македонските проекти за локализација 90.000,00 ден

Вкупно
294.000,00
Износ (во денари)

Очекувани приходи
1. Членарина од членовите
2. Донации
3. Проекти според дејност во национална класификација

ПрилогГолемина
PDF icon programa_2smk_2011.pdf111.72 KB