You are here

Записник од вонредно собрание на Слободен софтвер Македонија

Второто вонредно собрание на организацијата се одржа на 07.05.2011г (недела) во просториите на Хаклабот КИКА во Скопје, со почеток во 18ч. Собранието започна во предвидениот термин.

Поради оправдано отсуство не присуствуваа членовите Сашо Андријески и Новица Наков (кој што на ова собрание беше застапуван од членот Миша Поповиќ). Собранието го водеше Миша Поповиќ, претседателот на организацијата. Претседавачот на собранието констатира дека собранието може полноправно да одлучува по сите точки на дневниот ред. Записникот на собранието го водеше секретарот на Слободен софтвер Македонија Арангел Ангов. По кусиот вовед во точките кои требаше да се разгледуваат, беше презентиран следниот дневен ред:

1.Одлука по барањата за ставање во мирување на членството на одредени членови од организацијата
2.Програма и насоки за работа во 2011г.
3.Разно

Во однос на првата точка од дневниот ред, собранието едногласно одлучи дека членовите Александар Балаловски, Виктор Стојановски и Георги Станојевски повеќе не се членови на организацијата. Потоа ја донесе програмата за 2011г. и констатира дека во претстојната година, потребно е да се покријат повеќе проектни активности, од кои најдискутирана и уважена беше работата на Хаклaб КИКА и неговото финансиско издржување во текот на 2011г.

Во последната точка и подетално беа дискутирани настаните кои што планира да ги поддржи организацијата, со посебен акцент на НСНД Охрид 2011, настан кој што треба да ги обедени сите технолошки ентузијасти и поддржувачи на слободен софтвер од регионот на дводневна средба во Охрид, каде што би разменувале знаења од областа на слободниот софтвер и слободната култура.

Во 20.00ч претседавачот го затвори собранието поради исцрпување на
дневниот ред.

Хаклаб КИКА
Скопје 07.05.2010 г.

Записничар на собранието
Арангел Ангов

Претседавач на собранието
Миша Поповиќ

ПрилогГолемина
PDF icon zapisnik_von_sobranie-07-05-2011.pdf102.8 KB