На конференцијата Е-општество 2010, а во рамките на проектот Национална политика за слободен софтвер, презентација имаше Новица Наков од Слободен софтвер Македонија.
Во презентацијата беше објаснет процесот на пишување на политиката, како и прашањата кои таа се обидува да ги адресира.
Како куриозитет, презентацијата беше првата што заврши во рамките на предвиденото време за што претставникот на Слободен софтвер Македонија доби посебни пофалби од организаторот.