You are here

Статут на Слободен софтвер Македонија

ПрилогГолемина
PDF icon statut-2s.mk_20-04-2011-promena-na-ime.pdf138.14 KB

Преамбула


Со влегувањето во
дигиталната ера во која реалниот и виртуелниот простор подеднакво ќе
го одредуваат идниот културен, општествен и научен развој на
општеството, Слободен софтвер Македонија има долгорочна цел да се
занимава со прашањата кои ќе произлезат од ова.


Во оваа смисла,
основната функција на Слободен софтвер Македонија е несебичната
промоција на слободниот софтвер како и креирање и пропагирање на
свесност за поврзаните социјални и филозофски прашања.


Организацијата
Слободен софтвер Македонија е целосно посветена на промовирање и
дистрибуирање на слободниот софтвер (англиски Free Software), како
што е дефиниран од проектот ГНУ1
и Фондацијата за слободен софтвер2
и нејзините сестрински организации како што е Европската фондација
за слободен софтвер3.

Терминот слободен
софтвер, според дефиницијата од Фондацијата за слободен софтвер, се
однесува на следниве четири слободи:



  1. Слобода да
    се користи програмата за која било цел;


  2. Слобода да
    се проучува како работи програмата и да се приспособи на сопствените
    потреби;


  3. Слобода да
    се редистрибуираат копии за да му се помогне на соседот;


  4. Слобода да
    се подобрува програмата и да се издадат подобрувањата, од што корист
    ќе има целото општество.



Дефиницијата на
слободниот софтвер потекнува од идејата за слободна размена на знаења
и идеи која традиционално се наоѓа во научните полиња. Како и
мислата, софтверот не е предмет и може да се размножува без загуба.
Споделувањето поттикнува еволутивен процес, што води до напредок на
мислите и софтверот.

Само слободниот
софтвер ја задржува можноста за разбирање и надградба на научните
резултати. За научниците, тој е единствениот софтвер кој
соодветствува со идеалите за слободна наука. Според тоа, промоцијата
на слободен софтвер е исто така промоција на наука.


Дистрибуцијата на
информации и формирањето на мислење сѐ повеќе се прави преку
дигиталните медиуми и ваквиот тренд ја охрабрува употребата на овие
медиуми за директно учество на граѓаните во демократските процеси.
Затоа една од централните задачи на Слободен софтвер Македонија е да
ги информира и обучи граѓаните за работа со овие медиуми, со што ќе
се промовира демократијата.


Дигиталниот
простор, со софтверот како негов медиум и јазик, има огромен
потенцијал за промоција на менталните и културните аспекти на
човештвото. Со правењето на овој софтвер насекаде достапен и со
отварање на медиумот, слободниот софтвер овозможува еднакви шанси за
заштита и приватност.


Градење на
свесноста за проблемите поврзани со дигиталната ера во сите делови на
општеството е долгорочна цел и централен аспект на работата на
Слободен софтвер Македонија.


Затоа Слободен
софтвер Македонија сака да ја зголеми употребата на слободен софтвер
во училиштата и универзитетите со цел да промовира образование кое ќе
придонесе за разбирање на проблемите на виртуелниот простор.


Слободниот
софтвер гарантира видливи резултати во полето на науката и јавниот
живот воопшто преку гарантирање на индивидуалните права за слободен
развој на личноста и правото за слободно изразување на мислење.
Главната дејност на Слободен софтвер Македонија е да го донесе
слободниот софтвер во сите сфери коишто ја допираат јавноста и
човековите права во сферата на информациите.






Содржината на
статутот е во согласност со член 18 од Закон за здруженија и фондации
(Службен весник на РМ бр 52 од 16.04.2010).

Име
и седиште


Член 1


Името на
здружението е Здружение за развој на слободно информациско општество
Слободен софтвер Македонија.


Член 1а


Скратенотото име
на Здружение за развој на слободно информациско општество Слободен
софтвер Македонија е Слободен софтвер Македонија.


Член 2


Седиштето на
здружението е во Скопје, на ул. Злате Михајловски бр. 26.


Цели и задачи

Член 3


Слободен софтвер
Македонија постои за промовирање, развој и дистрибуција на слободен
софтвер со цел да се поддржи слободната размена на информации и
еднаквите шанси за достапност до софтвер, како и образование во
согласност со принципите истакнати во преамбулата.


Член 4


Целите на
Слободен софтвер Македонија ќе се постигнат преку:



  1. поддршка на
    владините и невладините организации и компаниите во сите аспекти на
    слободниот софтвер,


  2. поддршка на
    програмери, преведувачи и други луѓе кои работат со слободен
    софтвер,

  3. ширење на
    филозофските идеали на слободниот софтвер,


  4. информирање
    и обука на јавноста за можностите и потенцијалите на слободниот
    софтвер во образованието.


  5. развивање на
    слободен софтвер,


  6. снабдување
    на јавноста со слободен софтвер.



Член 5


Слободен софтвер
Македонија работи непрофитно.

Член 6


Средствата на
Слободен софтвер Македонија се користат само за нејзини потреби.






Дејности со кои
се остваруваат целите






Член 6а


Дејности со кои
здружението ги остварува своите цели според националната
класификација на дејности се:


58.29 Издавање на
останата програмска опрема


62.01 Компјутерско
програмирање

62.02 Компјутерски
консултантски дејности


62.09 Останати
услуги во врска со информатичката технологија и компјутерите


63.11 Обработка
на податоци, хостирање и слични дејности


63.12 Интернет
портали


Членство


Член 7


Слободен софтвер
Македонија има членови и соработници.


Член 8

Членовите плаќаат
членарина, имаат право на глас во Собранието и право да бидат бирани
во органите на Слободен софтвер Македонија. Тие имаат задача да го
претставуваат здружението и да ги спроведуваат обврските што за нив
произлегуваат од овој Статут.


Член 9


Соработници на
Слободен софтвер Македонија се сите оние кои се дел од официјалните
електронски поштенски листи на здружението и се организирани во
кориснички групи или на друг начин. Тие немаат никакви обврски и
задолженија кон здружението. Секое физичко лице може да биде
соработник на Слободен софтвер Македонија.


Стекнување на
членство


Член 10


Нови членови се
примаат кога здружението има потреба од лица кои ќе вршат некоја
специфична функција или работа. Потребата за нови членови ја одредува
Претседателот на Слободен софтвер Македонија и тој распишува конкурс
за примање на нови членови.


Член 11


Секое физичко
лице постаро од 16 (шеснаесет) години, кое било активно како
соработник и има поддршка од пошироката заедница може да стане член
на Слободен софтвер Македонија. Потребните документи за конкурсот се
испраќаат до Претседателот на Слободен софтвер Македонија.


Член 12

Собранието избира
нови членови со ¾ (три-четвртинско) мнозинство од сите
членови. Во случај на одбивање, Собранието нема обврска да ја
објаснува својата одлука.


Крај на
членството


Член 13


Членството
истекува:



  1. со смртта на
    лицето;


  2. со
    повлекување од здружението;


  3. со
    исклучување на членот од здружението.



Повлекувањето се
прави со изјава во пишана форма до Претседателот. Повлекувањето може
да се направи во било кое време.


Член 13а


Членовите кои се
неактивни во рок подолг од една година, а за кои нема причини за
нивно исклучување, со одлука на собранието преминуваат во почесни
членови на здружението. Почесните членови и членовите во мирување
немаат никакви права и обврски што произлегуваат од овој статут. Ако
некој од почесните членови одлучи повторно да стане активен во
работата на здружението, тој треба писмено да го извести
претседателот на здружението за своите намери. Претседателот треба во
рок од 3 (три) дена по приемот на дописот од членот да го потврди
враќањето на неговото полноправно членство.


Член 13б


Сите промени на
членството се евидентираат на веб страницата на здружението, заедно
со причините поради кои тие промени настанале.

Член 14


За важни причини,
доколку е нарушена довербата помеѓу членовите, некој член може да
биде исклучен од здружението со одлука на Претседателот. Пред да се
донесе одлуката, Претседателот мора да му даде време на членот да ја
објасни својата позиција во пишана форма. Одлуката на Претседателот
мора да биде доставена до членот во пишана форма. Членот може да ја
обжали одлуката. Жалбата мора да биде доставена во пишана форма
најдоцна 5 (пет) дена од добивањето на одлуката од Претседателот.
Собранието се закажува најдоцна 5 (пет) дена од добивањето на
жалбата. За потврдување на одлуката на Претседателот потребно е 3/4
(три-четвртинско) мнозинство од преостанатите членови. До конечната
одлука околу исклучувањето, членот е суспендиран од сите права и
обврски во рамките на здружението.


Придонес на
членовите


Член 15


Членовите
придонесуваат во работата на здружението со извршување на одредени
активности, со извршување на некоја функција во здружението или со
учествување во проектите кои се под покровителство на здружението.


Органи на
здружението


Член 16


Органите на
Слободен софтвер Македонија се:


  1. Претседател;


  2. Потпретседател;


  3. Секретар;


  4. Извршен
    орган;


  5. Собрание.



Претседател


Член 17


Претседателот го
застапува здружението.


Задачи на
Претседателот


Член 18

Претседателот е
одговорен за сите работи на Слободен софтвер Македонија освен доколку
тие со Статут не се одредени како обврска на друг орган. Конкретно
тој е задолжен за:



  1. Подготовка и
    свикување на Собранието;


  2. Креирање
    годишен извештај;


  3. Примена на
    одлуките за примање и исклучување на членови;


  4. Односи со
    јавноста.


Член 19


Претседателот ги
води финасиите според финансискиот план, што го одобрува Собранието
со 3/4 (тричетвртинско) мнозинство од сите членови.


Избор и
времетраење на мандатот на Претседателот


Член 20


Собранието го
избира Претседателот. Мандатот трае 2 (две) години од денот на
изборот. Тој останува на функција сѐ до изборот на новиот
Претседател.


Член 21


За избор можат да
се кандидираат само членови на Слободен софтвер Македонија. Со
прекинување на членството, престанува да важи и функцијата
претседател.


Член 22

Ако Претседателот
прерано ја напушти својата должност, Потпретседателот го застапува
здружението до следниот избор на Претседател. Дополнително,
Потпретседателот во рок од еден месец мора да свика Вонредно собрание
за избор на нов Претседател на здружението.


Потпретседател


Член 23


Потпретседателот
го заменува Претседателот во следниве случаи:



  1. кога
    Претседателот прерано ја напушта својата должност;


  2. доколку за
    тоа добие овластување од Претседателот.



Член 24


Овластувањето од
Претседателот мора да биде во пишана форма. Потпретседателот ја врши
функцијата на Претседател во периодот кој е назначен во
овластувањето. Овластување може да се даде доколку Претседателот не
може да ја врши својата функција повеќе од една недела поради болест
или други причини.


Член 25


Собранието го
избира Потпретседателот. Мандатот трае 2 (две) години од денот на
изборот. Тој останува на функција сѐ до изборот на нов
Потпретседател. За избор може да се кандидираат само членови на
Слободен софтвер Македонија. Со прекинување на членството, престанува
да важи и функцијата.


Член 26


Ако
Потпретседателот прерано ја напушти функцијата, Собранието избира нов
Потпретседател во рок од 1 (еден) месец по напуштањето на функцијата.

Секретар


Член 27


Секретарот ја
води канцеларијата на Слободен софтвер Македонија.


Член 28


Секретарот ги
одредува клучевите за енкодирање на дигиталните текстови и документи.


Член 29


Собранието го
избира Секретарот. Мандатот трае 2 (две) години од денот на изборот.
Тој останува на функција сѐ до изборот на нов Секретар. За
избор може да се кандидираат само членови на Слободен софтвер
Македонија. Со прекинување на членството, престанува да важи и
функцијата.


Член 30


Ако Секретарот
прерано ја напушти функцијата, Претседателот може да избере наследник
до крајот на мандатот.


Извршен орган


Член 31


Извршниот орган е
составен од Претседателот, Потпретседателот и Секретарот.


Член 32


Извршниот орган
заседава полноважно ако се присутни најмалку 2 (два) члена од кои
еден е Претседателот. Одлуки се донесуваат со просто мнозинство на
гласови.


Задачи на
Извршниот орган

Член 33


Извршниот орган е
задолжен за следниве задачи:



  1. Извршување
    на насоките кои ги донесува Собранието.



Собрание


Член 34


Собранието е
највисок орган и го сочинуваат сите членови на здружението. Секој
член има право на глас во Собранието. Правото на глас членот го
исполнува самостојно или доколку е оневозможен, правото го исполнува
Претседателот со овластување од членот во пишана форма. Овластувањето
важи само за даденото Собрание.

Член 35


Собранието е
задолжено за:



  1. Креирање на
    насоки, по кои работат Претседателот и Извршниот орган;


  2. Примање и
    разгледување на годишниот извештај на Претседателот;


  3. Примање на
    нови членови;

  4. Избирање и
    отповикување на Претседателот, Потпретседателот и Секретарот.


  5. донесува
    статут, програма и други акти,


  6. усвојува
    годишен извештај за работа и финансиски извештај и го објавува на
    својата веб страница,


  7. доставува
    финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно
    до органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје
    во случаите кога користи средства од Буџетот на Република
    Македонија, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа,


  8. одлучува за
    промена на целта на здружението,


  9. одлучува за
    внатрешната организација и организационите форми на органите на
    здружението,

  10. избира и
    разрешува членови на органите,


  11. одлучува за
    статусните измени на здружението,


  12. одлучува за
    престанок на здружението со двотретинско мнозинство гласови од сите
    членови на здружението и врши и други работи во согласност со
    статутот и актите на здружението.



Свикување на
Собрание


Член 36

Редовното
Собрание на здружението се одржува во првиот месец од секоја
календарска година. Точниот датум на одржување на редовното Собрание
го одредува Претседателот. Поканите се во пишана форма. Тие го
содржат датумот, деталните информации за Собранието и дневниот ред,
како и други потребни информации. Поканите до членовите ги испраќа
Претседателот, при што поканата се смета за испратена доколку е
адресирана до последната позната адреса или е-пошта на членот или
официјална електронска поштенска листа на Слободен софтвер
Македонија. Поканите се испраќаат најмалку 10 (десет) дена пред денот
на одржувањето на Собранието. Информации за одржувањето на Собранието
се објавуваат и на веб страниците на Слободен софтвер Македонија.


Член 37


Дневниот ред се
утврдува од Претседателот. Секој член може да побара дополнување на
дневниот ред. Барањата се испраќаат во пишана форма најдоцна до 3
(три) дена пред одржувањето на редовното Собрание. Претседателот ги
објавува дополнувањата на дневниот ред на почетокот на Собранието. За
дополнување на дневниот ред во тек на собраниската седница одлучува
Собранието.


Вонредно
Собрание


Член 38


Претседателот
може да свика Вонредно Собрание во било кое време. Вонредно Собрание
може да се свика и на барање на 1/3 (една третина) од сите членови.
Барањето со дополнително образложение се доставува до Претседателот
во пишана форма. Вонредното Собрание се одржува најдоцна 30 (триесет)
дена од денот за поднесување на барање за одржување.


Одржување на
Собранието


Член 39


Собранието е
водено од Претседателот, Потпретседателот или Секретарот, по тој
редослед. Записникот го води Секретарот. Ако тој не е во можност,
претседавачот на Собранието го одредува записничарот пред почетокот
на Собранието.

Член 40


Начинот на
гласање го одредува претседавачот на Собранието. Начинот на гласање
може да се промени доколку ова го побара една третина од присутните
членови.


Член 41


Собранието
заседава полноважно ако е правилно свикано и ако ½ (една
половина) од членовите е присутна или претставувана од присутни
членови. Доколку Собранието нема кворум, се свикува повторно најдоцна
за 5 (пет) дена со истиот дневен ред. Повторното Собрание е
полноважно без разлика на бројот на присутни и претставувани членови.
Ова треба да се наведе во поканата.


Член 42


Доколку не е
поинаку наведено во овој статут Собранието донесува одлуки со просто
мнозинство на гласови од присутните членови. За промена на статутот
потребно е ¾ (тричетвртинско) мнозинство од сите членови. За
распуштање или промена на целите на Слободен софтвер Македонија
потребна е едногласна одлука од сите членови. За последните,
претставување на членови преку одобрување во пишана форма не е
дозволено.


Член 43

На избори за
претседател, потпретседател и секретар на здружението, победува оној
кој добил повеќе од половина од гласовите. Доколку никој не добил
повеќе од половина гласови, изборите продолжуваат со двајцата
кандидати кои имаат најмногу гласови. Победува оној кој ќе добие
повеќе гласови. При ист број на гласови изборите се повторуваат.


Член 44


Од Собранието се
чува записник кој треба да го потпише претседавачот на Собранието и
записничарот. Записникот содржи информации за датум и време на
одржување на Собранието, име на претседавачот и записничарот, број на
присутни членови, дневен ред, тип и резултати на изборите. Доколку се
донесат промени на статутот, тие треба точно да бидат забележани.


Начин на
стекнување и располагање со средства


Член 45






Здружението
средствата за финансирање ги стекнуваат од членарина, основачки
влогови, доброволни прилози, донации, подароци (во пари, добра,
имотни права), завештанија, легати, дејности со кои се стекнува
добивка, кирии и закупнини, како и приходи од инвестиции, дивиденди,
камати, заеми и други приходи во согласност со закон и со статутот.


Член 46





Здружението може
да добива средства од Буџетот на Република Македонија,


буџетите на
општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.






Член 47






Финансиските
средства на здружението се употребуваат за остварување на целите на
организацијата определени со статутот и програмата.


Членовите на
органите на здружението и нивните застапници по закон се должни да
управуваат и работат со внимание и во согласност со начелата на добро
управување, во интерес на организацијата, а над личните интереси,
односно во интерес на остварување на целите, во согласност со закон и
статутот.


Работата во
органите на здружението по правило е доброволна, а членовите на

органите на
организациите можат да примаат надоместок на патни и дневни трошоци,
како и надоместок за вршење на работи во органите на организацијата
во согласност со закон.


Вработените имаат
право на плата и надоместоци во согласност со закон и


колективен
договор.


Начин на
донесување на финансиски и други извештаи






Член 48






Здружението
подготвува годишен финансиски извештај, го доставува до надлежниот
орган во согласност со закон и го објавува на својата веб страница.

Финансискиот
извештај за реализација на финансискиот план го носи председателот на
редовното собрание. Собранието го усвојува финансискиот извештај со
гласање на ½ (една половина) од членовите.


Ако има потреба
претседателот поднесува и дополнителни извештаи на редовното
собрание, а собранието ги гласа со ½ (една половина) од
членовите.


Начин на
остварување на јавност и отчетност


Член 49






Работата на
организацијата е јавна. Јавноста на работењето на организацијата се
остварува преку транспарентно објавување на статутите и другите акти
на организацијата во согласност со статутот на организацијата.





Начин на
донесување, измена и дополнување на статутот






Член 50






Статутот на
здружението го носи Собранието со ¾ (три четвртинско)
мнозинство од сите членови на здружението.


Измена и
дополнување на статутот се врши со ¾ (три четвртинско)
мнозинство од сите членови на здружението.

Начин на
одлучување за статусни промени






Член 51






За
присоеднивување, спојување и поделба на здружението одлучува
собранието со ¾ (три четвртинско) мнозинство од сите членови.


Престанок на
работа на Слободен софтвер Македонија


Член 52


За престанок на
работа одлучува Собранието како што е одредено со овој статут.


Постапување со
средствата и имотот во случај на престанок на здружението


Член 53






Целиот имот на
Слободен софтвер Македонија по ликвидацијата се донира за развој на
слободен софтвер. Одлуката за тоа на кого ќе му биде доделена
донацијата ја носи Собранието.


Член 54






Ако Собранието не
одлучи поинаку, постапката за ликвидација на здружението ја води
Претседателот.


Начин на
донесување на планови и програми

Член 55






Извршниот орган
ја изготвува програмата и планот за работа во согласност со целите на
здружението и дејностите за остварување на целите.


Програмата и
планот за работа го усвојува Собранието со ½ (една половина)
од членовите на Собранието.


Пишана форма


Член 56


Пишаната форма
подразбира:


  1. Потпишан
    писмен (на хартија) документ, или


  2. Е-пошта
    потпишана со клуч кој е одобрен од Секретарот.



Преодни и
завршни одредби






Член 57






Со денот на
влегувањето во сила на овој статут престанува да важи Статутот на
здружението на граѓани Слободен софтвер Македонија донесен на
10.01.2009 година.

Овој
статут стапува на сила откако беше донесен од собранието на
Здружението Слободен софтвер Македонија на 20.04.2011 година во
Скопје.










Претседател Претседавач


_________________________
________________________





13/13