Овој документ дефинира како се одвива работата со финансиски средства во рамките на Слободен софтвер Македонија. Целта на овој документ е да ја постави работата со финански средства во Слободен софтвер Македонија на колку што е можно поздрави и поправични основи.
- Средствата од проектите на кои ќе работат членови и соработници на Слободен софтвер Македонија, а кои ќе бидат исплатени на жиро-сметката на Слободен софтвер Македонија се распределуваат според односот 20:80, т.е. 20% од средствата ѝ припаѓаат на Слободен софтвер Македонија, останатите 80% на луѓето кои работат на проектот. Сите членови и соработници, пред да започнат со работа на некој проект, треба да бидат известени за ова. За начинот на користењето на средствата кои остануваат во сопственост на Слободен софтвер Македонија одлучува Собранието на Слободен софтвер Македонија.
- Средствата од проектите кои ги води Слободен софтвер Македонија се користат исклучиво за спроведувањето на тие проекти.
- Средствата од донациите кои Слободен софтвер Македонија ги добива за специфични активности се користат само за наведената активност.
- За средствата од донациите кои Слободен софтвер Македонија ги добива како ненаменски одлучува Собранието на Слободен софтвер Македонија.
- Средствата прибрани од членарината на членовите се користат за дневните потреби на Слободен софтвер Македонија.
- Доколку се појави случај за кој што нема дефинирано насока во овој документ, за него одлучува Собранието на Слободен софтвер Македонија.
Забелешка: Овој документ го донесе собранието на Слободен софтвер Македонија на 03.11.2005 година во Скопје.