Согласно одредбите на Статутот на Слободен софтвер Македонија, годишното собрание на организацијата ќе се одржи на 19.01.2008 год. (сабота) во Точка, со почеток во 18 часот.
Дневниот ред е:
- Годишен извештај за 2007 година;
- Прием на нови членови во организацијата;
- Разрешување на претседателот, потпретседателот и секретарот на организацијата поради истек на мандатот;
- Избор на претседател, потпретседател и секретар на организацијата;
- Донесување на насоки за соработка со други правни лица;
- Разно.
Сите информации за тоа како се одвива Собранието се составен дел на Статутот.