Во билтенот на Министертвото за финансии од месец август 2003 година излезе статија со наслов "Open source софтвер, искуства трендови и употреба". Автор е Мирослав Јовановиќ, помошник на министерот во Секторот за информатика.
Целата статија може да ја превземете од страницата на Министертвото за финансии: врска.
Неколку извадоци:
„Иако светските трендови и праксата кај нас се пробиваат многу подоцна, на крајот сепак тие пристигнуваат и кај нас. Пристап, кој полена но сигурно го наоѓа просторот под сонцето, е користењето на Open Source софтверот, за чие користење и копирање не треба да се плаќаат лиценци и чиј изворен код го имате за каква било модификација, проверка или сигурност...“
„Кога станува збор за користење на Open Soource софтверот во државната администрација, треба да се напомене дека тоа не е тренд на економски помалку моќни земји, напротив, повеќето економски моќни земји го користат во државните управи. Станува збор за потег кој има подолгорочен карактер, насочен кон спречување на зависноста од еден производител и сигурносите прашања кои секогаш се од стратешки интерес...“
„Со владина политика која би дала подршка и поттик за користењето на Open Source софтвер во државната администрација, образованието и стопанството во Република Македонија ќе се анимираат домашните компании за приспособување на Open Source кон нашите прилики и негово локализирање на македонски јазик и другите јазици кои се во употреба во Република Македонија, ккао и создавање на домашен софтвер...“
„Во државната управа, употребата на Open Source решенија е на самиот почеток, со извесен исклучок на Фондот за здравствено осигурување и Министерството за финансии кои екстензивно ги базира своите решенија на овој концепт...“
Прилог | Големина |
---|---|
statija_4.pdf | 142.85 KB |