Добредојдовте во јунското издание од 2010 на билтенот на Слободен софтвер Македонија.
Содржина:
Прирачник за пристапни опции во Edubuntu
Слободен софтвер Македонија во соработка со фондацијата Метаморфозис и организациајта „Отворете ги прозорците“ го објави прирачникот за пристапни опции во Edubuntu и GNOME. Благодарение на посебните алатки достапни во оваа работна околина, на лицата со хендикеп (на пр. со оштетувања на видот, моторни нарушувања, интелектуална попреченост) им се овозможува да го користат овој оперативен систем без поголеми потешкотии.
Прирачникот е објавен под лиценцата Creative Commons 2.5 и е достапен за преземање од страницата на Метаморфозис. http://www.metamorphosis.mk/izdanija/informatichko-opshtestvo/prirachnik...
Нови книги во библиотеката на хаклабот КИКА
Библиотеката во хаклабот КИКА во изминатиов период беше збогатена со 20 нови книги од областа на ИКТ: програмирање, мрежи, оперативни системи и слично. Книгите се донација од Библиотеката на Македонската академија на науките и уметностите. Повеќе информации: http://slobodensoftver.org.mk/vesti/16-novi-knigi-vo-bibliotekata
Ден на интелектуална сопственост
Под слоганот „Другата страна на интелектуална сопственост“, светскиот ден на интелектуалнат сопственост на 26-ти април беше одбележан и во Скопје. Во хаклабот КИКА се одржа дебата и проекции на документарни филмови, скопското радио Канал 103 ја посвети својата дневна програма на музика издадена под CreativeCommons лиценци. Настанот беше дополнет со текст објавен на повеќе страници: http://spodeliznaenje.blogspot.com/2010/04/blog-post_26.html
Ubuntu 10.04
Веќе некако традиционално во КИКА беше посветена едне вечер на новата верзија на GNU/Linux дистрибуцијата Ubuntu. http://spodeliznaenje.blogspot.com/2010/05/ubuntu-1004.html
Емануел Голдстин во Скопје
Во целосно неформална посета во КИКА поминавме вечер со Емануел Голдстин уредникот на едно од најважните хакерски списанија 2600 (http://www.2600.com/). Голдстин туристички ги шеташе земјите од поранешна Југославија и Албанија. При посетата на КИКА тој сними интервју со локалните хакери за неговата радио емисија во Њу Јорк.
Mozilla Балкан 2010
Првиот интер-балкански собир на Мозила заедниците помина во одлична атмосфера и со многу интересни теми. Локалната заедница се покажа како добар домаќин и одличен организатор на настан кој го привлече вниманието на стотина корисници на производите на Мозила од Скопје и Македонија.
Сите реакции и коментари можете да ги погледате https://wiki.mozilla.org/Balkans:2010/Aftermath
НСНД Белград 2010
По вообичаена шема се одржа уште едно ништо нема да се случи овој пат во Белград. Настанот се одржа во галеријата Озон на 29 и 30 мај. Покрај вообичаените хакерски теми, вистински настан на НСНД беше присуството на Воја Антониќ еден од најстарите Југословенски хакери и човекот зад компјутерот Галаксија http://en.wikipedia.org/wiki/Galaksija
Национална политика за слободен софтвер
Во позадидна на сите хакерски настани започна имлементацијата на проектот за Национална политика за слободен софтвер. Овој документ треба да го дополни постоечкиот сплет на документи во врска со ИКТ во Македонија и да го подобри функционирањето на државната управа.
Активностите околу проектот се објавуаат на http://npss.slobodensoftver.org.mk/
Јавноста е поканета да се приклучи.
Ричард Сталман во Скопје
Како вистинско финале на овие 2-3 месеци исполенети со многу активности на 3 јуни таткото на слободниот софтвер Ричард Сталман одржа предавање на тема „Авторските права против општеството“. Предавањето се случи пред многубројна публика во преполнетата сала во Холидеј-ин. Бројноста на посетителите комплетно нѐ изненади.
Информации за предавањето и видео од него има на: http://slobodensoftver.org.mk/rms/
Јавна благодарност од Слободен софтвер Македонија:
http://slobodensoftver.org.mk/vesti/richard_stallman_vo_skopje2
Реакции по предавањето:
http://npss.slobodensoftver.org.mk/2010/06/blog-post_07.html
По сето ова одиме на заслужен летен одмор.
Happy hacking!
Содржината на оваа порака пред сѐ е наменета за новинари и организации со кои соработува Слободен софтвер Македонија, но истата се испраќа до сите оние кои се пријавиле за тоа.
Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info slobodensoftver.org.mk>.