На 6-ти септември 2007 година двајца претставници на 2с.мк зедоа учество на Летниот Охридски Универзитет, во рамките на конференцијата насловена Креативни индустрии.
Дамјан Георгиевски го презентираше значењето на мрежниот ефект кај слободниот софтвер и неговиот еко систем, Игор Стаматовски ги претстави отворените ИКТ еко системи и отворените стандарди.
Учесниците беа вработени во јавната администрација и помлади државни службеници кои активно се вклучија во дискусијата.
Третиот дел беше замислен и одлично спроведен како панел сесија во која се разгледаа авторските права и нивното протегање од јавниот домен, преку копилефт, до креативни заеднички содржини па се до целосна заштитени авторски права.
Слободен софтвер Македонија беше поканета од центарот за нови иницијативи во уметноста и културата Локомотива да учествува на конференцијата. Ние сме задоволни од она што го покажавме таму, гостопримството и синергијата која произлезе од темите кои ги начнавме слободниот софтвер, отворените стандарди и слободната култура.
Им благодариме на за гостопримството на Билјана Тануровска и Локомотива за поканата и се надеваме на идна успешна соработка.